Polestar објави нови фотографии и детали за концептот Precept

Polestar објави фотографии и детали за својот концепт Precept кој требаше да дебитира на Салонот во Женева, а претставува најава за продукцискиот Polestar 3

Исто како и во случајот на останатите производители кои беа лишени од задоволството да ги претстават своите најнови модели, истото се случи и со Polestar кој остана недоречен во врска со Precept концептот, кој требаше да биде претставен во Женева. Precept требаше да го има своето официјално деби на 3 март на Салонот во Швајцарија, но на 48 часа пред отворањето, оваа манифестација беше официјално откажана поради пандемијата на коронавирусот.

Прикажан онлајн кон крајот на февруари, овој електричен автомобил, кој е дизајнерска мешавина меѓу Tesla и Porsche Taycan, повторно е во центарот на вниманието оваа недела, откако шефот на компанијата, Томас Ингенлат, одлучи да пружи некои дополнителни детали поврзани за овој проект, а за таа цел објави нови фотографии и видео. Автомобилот има големо меѓуосовинско растојание од дури 3,1 метар, кој допринесува за удобност во патничката кабина, но и овозможува во подот да се смести голем пакет на погонски батерии.

Precept засега претставува само студија и не е познато за каков конкретен погон станува збор. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за Polestar, лесно може да се претпостави дека станува збор за електричен перформансен автомобил. Со оглед на тоа дека е целосно електричен модел, предниот дел од возилото нема традиционална маска на ладилникот, туку тоа подрачје сега го зазема таканаречената Polestar „smart“ зона, односно куќиште за разни сензори кои ги опслужуваат електронските системи за помош на возачот. На покривот се наоѓа LiDAR, додека препознатливиот „потпис“ на LED фаровите, под називот „Чеканот на Тор“, кој е преземен од Volvo, сега визуелно е поделен на два дела. На задниот дел низ целата ширина на возилото се простира тенка LED лента, а останатите техничко-дизајнерски елеменнти вклучуваат странични мини-камери, наместо обични огледала за ретровизорите, како и стаклен покрив од еден дел, кој се пружа и зад задните седишта.

Извонреден ентериер

Надворешните линии на Precept ја рефлектираат генералната идеја, која веќе постои на другите модели од франшизата на Volvo, но ентериерот е сосема друга приказна и тука Polestar целосно блеснува. Користено е изобилие на рециклирани материјали и многу малку пластика. Ентериерот е изработен на тој начин што неговата маса е редуцирана за 50 проценти во однос на регуларниот Polestar, со намалување на вибрациите за дури 250 проценти и зголемен отпор при судир. Тука се двата големи екрани кои му помагаат на возачот, 9,0-инчниот хоризонтален, опремен со функција на следење на окото и 15-инчниот кој случи како главен интерфејс меѓу возачот и автомобилот. Инфозабавниот систем е базиран на Android исто како и кај Polestar 2, а доаѓа со можности кои ги обезбеди Google за употреба во автомобилите, како асистент, мапа и ADAS.

Polestar Precept

Како што е веќе напоменато, нема повеќе информации за погонот, покрај фактот дека оваа архитектура може да издржи огромен пакет батерии. Со оглед на тоа дека станува збор за концепт, малку е веројатно дека ќе влезе во сериско производство, но она што може да се очекува е трансфер на дел од техонологиите во идните модели на брендот.

Концептот Precept е најава за продукцискиот Polestar 3

Од Polestar наведуваат дека новиот концепт, кој сега детално е претставен пред публиката преку дигитални канали, го најавува следниот продукциски модел, Polestar 3, но и новиот дизајнерски пристап кој ќе ги краси автомобилите на овој бренд во иднина. Целта е Polestar како марка стилски постепено да се оддалечи од Volvo од каде потекнува и нивните автомобили повеќе да не наликуваат на моделите на Volvo.

Кога станува збор за концептот Precept, тој е електрична купе лимузина со четири седишта, но продукцискиот модел Polestar 3 ќе биде SUV. „Precept е визија на сето она што го прави Polestar како релевантна автомобилска марка“, вели директорот на компанијата Томас Ингенлат, инаку некогашен прв човек за дизајн во Volvo, кој ја обликуваше актуелната гама на возила на овој шведски производител. Тој додаде дека автомобилот е одговор на јасните предизвици со кои се соочува денешното општество и индустријата.

„Ова не е само за далечната иднина, Polestar Precept ги најавува идните продукциски автомобили и покажува како ќе ги примениме иновациите за да го намалиме негативното влијание на животната средина“, додаде тој.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close