Polestar започна со изградба на високотехнолошки погон

Polestar објави дека компанијата започна со изградба на новиот високотехнолошки производствен комплекс во Кина, каде што ќе се составува првиот автомобил на марката- Polestar 1

Според плановите на компанијата, комплексот Polestar Production Centre треба да е завршен во средината на следната година, по што ќе започне процес на вградување на потребната опрема за сериско производство. Центарот е дизајниран во соработка со меѓународно признатото норвешко архитектонско студио Snöhetta, а ќе биде најдобра еколошка производна хала за автомобили во Кина и еден од најефикасните во глобални рамки.

Polestar

Polestar 1 ќе го искористи целосниот потенцијал на Volvo и Geely во однос на најновите технологии, но во исто време во него ќе видиме и сосема уникатни решенија, карактеристични само за специјализираната марка за идните електрифицирани автомобили. Првиот автомобил на Polestar ќе биде двовратно купе со хибриден погон, што ќе му понуди на возачот максимална моќност од 600 коњски сили и вртежен момент од 1000 Nm. Овие параметри автоматски ја позиционираат изведбата во сегментот на спортски, како и на луксузните автомобили.

Нарчки за моделот веќе се прифаќаат, а тој ќе биде во можност да помине во чист електричен режим до 150 километри, што го става на врвот кај хибридните по овој параметар. Сите автомобили ќе можат да бидат конфигурирани и нарачани преку интернет и ќе се нудат со две и тригодишни претплатни планови, без аванс. Сите идни модели на Polestar, без Polestar 1, ќе бидат со целосно електричен погон.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close