САЕМИ

Њујорк 2017: Каков ѕвер – Trans Am 455 Super Duty

General Motors уште пред седум години го укина Pontiac, но фановите на оваа марка се уште имаат кому да му се обратат

General Motors уште пред седум години го укина Pontiac, но фановите на оваа марка се уште имаат кому да му се обратат?! Trans Am Worldwide од Флорида на салонот во Њујорк го претставува Trans Am 455 Super Duty, спортски модел со карактеристики на Pontiac, базиран врз Chevrolet Camaro.

Pontiac |  
Pontiac |  
Pontiac |  
Pontiac |  
Pontiac |  
Pontiac |  

    Во однос на Camaro, Trans Am S455 Super Duty има поинаква хауба, калници, преден браник, модификации и на задниот дел, Trans Am графика, 20 инчни тркала со Michelin Pilot Sport гуми, индивидуализирано потпирање и Т-покрив како опција. Во внатрешноста оставаат впечаток кожните седишта со Trans Am ознаки, патосници, ревидирана инструментална табла и украсите.
    За погон е избран модифициран LT1 V8 мотор со зафатнина од 7,4 литри и со Magnuson компресор, со моќ од 1013KS и 1416 Nm вртежен момент. Креацијата ќе биде изведена само во 50 парчиња, а продажбата стартува од 1.мај.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Може и ова да ви се допадне

    Close

    Adblock Detected

    Please consider supporting us by disabling your ad blocker