fbpx

Поранешен директор во Audi нов шеф на Genesis во Европа

Genesis го избра поранешниот директор за продажба на Audi Доминик Бош како нов шеф на својата европска дивизија

Доминик Бош официјално ја презеде функцијата шеф на Genesis во Европа на 1 октомври по 22-годишен престој во Audi, каде што работеше како директор за продажба во Франција, пред да биде менаџер во Јужна Кореја, Јапонија и Кина. Подоцна, тој се врати во Европа за да ја предводи идната Global Retail стратегија.

„Чувствувам привлегија и возбуден сум што се приклучувам на Genesis Motor Europe и ќе го приближам амбициозниот корејски натпреварувач во регионот. Брендот ќе се истакнува преку динамичниот дизајн, атлетските перформанси, вистинскиот премиум сервис и возачко искуство како кроено за европските патишта. Европа е духовниот дом на премиум пазарот и јас сум сигурен дека Genesis моделите кои планираме да ги лансираме тука ќе бидат пријатно изненадување за многумина“.

Корејскиот производител се уште треба да го открие официјалниот датум кога ќе ги лансира своите услуги во Европа. Исто така, се уште не е познато кои модели ќе бидат достапни. Планот беше Genesis да пристигне во Европа оваа година, а посебен фокус да се стави на пазарот во Велика Британија, но пандемијата на коронавирусот ги поремети тие планови.

Под Бош ќе работи Енрике Лорензана, новиот шеф за продажба за Gensis во Европа. Поранешниот директор на Aston Martin и Maserati исто така работеше и за Audi и Kia, пред да се пресели во полуксузните брендови.

„Наша намера е дизајнот, технологијата и квалитетот на нашите автомобили да зборуваат за брендот. Ова е критичен и клучен пазар за Genesis и едвај чекам Бош, со своето огромна европска и премиум експертиза, да ја донесе приказната за Genesis во Европа“, изјави бренд шефот на Genesis, Јаехун Чанг.

Поврзани вести

Back to top button