fbpx

Поранешниот шеф на Seat Лука де Мео е во преговори со Renault

Шефот на VW групата, Херберт Дис, изјави дека Лука де Мео, поранешниот човек број 1 во Seat, веројатно е во преговори со Renault околу трансфер во француската компанија

Лука де Мео водел разговори со Renault околу позицијата генерален директор, но се соочува со потенцијална пречка во вид на клаузула во договорот со Volkswagen групацијата.

„Ние сме навистина многу тажни што Лука не напушта, бидејќи тој играше мошне важна улога во групацијата. Тој направи голема работа за нас, но ние го прифативме неговото заминување. Веројатно е во преговори со Renault, тоа е она што нас ни го кажа“, изјави Дис.

Италијанецот Лука де Мео отстапи од местото шеф на Seat овој месец, но остана вработен во компанијата. Тој со години беше на чело на Seat, надгледувајќи го значителниот раст на угледот и препородот на шпанскиот бренд.

Renault во октомври го отпушти Тјери Болор на местото извршен директор, за наместо него на сцената да стапи привремената вршителка на дејноста, Клотилд Делбос. Претседателот на француската компанија, Жан-Доминик Сенард оваа недела изјави дека новиот генерален директор ќе биде именуван наскоро.

Државата Франција, која има значителен удел во Renault, даде поддршка за именување на Де Мео.

„Нема причина државата да се противи на именувањето на Де Мео“, изјавил извор од фанцуското министерство за економија за француските медиуми.

Минатата недела, Renault и неговиот јапонски партнер Nissan ги отфрлија шпекулациите дека 20-годишната алијанса е во опасност да биде растурена.

Поврзани вести

Back to top button