fbpx

Renault го посакува шефот на Seat за свој нов извршен директор

Бордот на Renault го посакува Лука де Мео, претседателот на брендот Seat во VW групацијата, да биде новиот извршен директор на францускиот производител

Де Мео добил предност кај Renault во однос на Патрик Колер, извршниот директор на снабдувачот Faurecia, кој исто така конкурирал за позицијата, пренесуваат француските медиуми.

Бордот на директори на Renault го избрал Де Мео за свој избор за кандидат на состанок кој бил одржан во вторникот. 52-годишниот Де Мео ја освои поддршката на француската влада, која е најголемиот акционер на Renault со удел од 15 проценти во акциите.

Сепак, пречка во именувањето на Де Мео на позицијата нов извршен директор кај францускиот производител може да претставува клаузулата за заштита од конкуренција која ја има со VW групацијата.

Италијанецот Лука де Мео се појави како фаворит за функцијата извршен директор на Renault поради неговиот успех со Seat каде успеа да го направи шпанскиот бренд профитабилен. Тој исто така зборува француски и својата кариера ја започна токму во Renault, пред да продолжи да работи во Toyota и Fiat.

Де Мео во моментов ја извршува функцијата на претседател на Seat, претседател е на бордот на директори на дистрибутерскиот оддел на Volkswagen групацијата во Шпанија и е највисокиот претставник на VW во оваа земја.

Привремениот извршен директор на Renault, Клотилд Делбо, која е финансиски шеф на производителот, не беше воопшто разгледуван како опција за позицијата извршен директор, бидејќи е релативно нова во автомобилската индустрија и има само финансиска позадина.

Renault е во потрага по нов извршен директор уште откако бордот го собори Тиери Болор од позицијата кон средината на октомври, откако францускиот производител заедно со својот партнер во алијансата Nissan, ги расчистија сите менаџери кои беа поврзани со владеењето на Карлос Гон.

Поврзани вести

Back to top button