fbpx

Porsche 911 добива рели третман од тјунерот Delta 4×4

Porsche во својата понуда има SUV модели како Cayenne и Macan, но дефинитивно не постои нешто слично како оф-роуд верзија на Porsche 911

Во изминатиот период се појави еден мошне интересен тренд. Голем број тјунинг компании претставуваат свои верзии на авантуристички и оф-роуд машини базирани на Porsche 911, вклучително и RUF Rodeo. Сега, на репертоарот пристигнува уште една „911-ка“ во рели издание, благодарение на германскиот тјунер Delta 4×4.

Имено, еден клиент на Delta 4×4 побарал од компанијата да го претворат неговиот 911 Carrera 4S во набилдана оф-роуд машина инспирирана од класичните рели автомобили на Porsche. Луѓето од тјунерската компанија како инспирација ги искористиле победите на Porsche на Dakar и Pharaoh рели шампионатите од 80-тите години на минатиот век за да го дизајнираат овој уникатен автомобил, кој патем е од 992 моделската генерација, што заедно со Carrera 4S спецификацитие го прави совршена основа за способен оф-роуд автомобил.

Засега, овој проект се уште не е реализиран, а од компанијата ги објавија официјалните рендери кои даваат поглед кон она што треба да биде конечен производ. Автомобилот ќе биде со засилена каросерија и поставен на робусен систем за потпирање, со кој клиренсот ќе изнесува 250 милиметри. Тука се и тркалата со адекватни теренски гуми, како и предната шипка со дополнителни светла и покривен носач за дополнителна опрема.

Delta 4x4

Според достапните информации, проектот на Delta 4×4 се уште е во рана фаза на развој. Од компанијата најавија дека автомобилот ќе биде претставен следната година. Со оглед на тоа дека моделот е базиран на Carrera 4S, би можел да се напојува со 3,0-литарски шестцилиндричен битурбо мотор кој испорачува 450 КС и 530 Nm максимален вртежен момент. Во комбинација со PDK менувач и Sport Chrono пакет, автомобилот од нула до „стотка“ стигнува за 3,4 секунди, а максималната брзина е 306 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button