fbpx

Porsche 911 GT3 во чест на победникот на Ле Ман од 1985

Porsche Exclusive Manufaktur повторно успеа да привлече внимание, овојпат креирајќи специјална верзија на 911 GT3 во чест на победникот на 24 часа Ле Ман од 1985 година

Без оглед дали станува збор за Carrera или GT2, 911 по дефиниција е возбудлив спортски автомобил, но Porsche за своите клиенти секогаш наоѓа начин како да го персонализира својот легендарен модел. Таков е случајот и со новиот GT3 кој добива специјална „униформа“ која не навраќа назад во 1985 година кога 956 успеа да слави на 24 часа Ле Ман.

Сепак, овој Porsche 911 GT3 е посебен по уште една работа, бидејќи овој специјален модел е нарачан од страна на Паоло Барила, истиот италијански возач кој се најде зад победничкиот 956 пред 36 години. Заедно со германските возачи Клаус Лудвиг и Луис Крагес, тие комплетираа 374 круга на славната трка на издржливост, оставајќи ги конкурентите зад себе.

Porsche 911 GT3

Паоло Барила, кој исто така се натпреваруваше за Minardi Formula 1 тимот во 1989 и 1990, морал да чека три години за да ги добие клучевите за својот уникатен 911 GT3. За сето ова време, тој бил проект менаџер за време на создавањето и соработуваше тесно со Porsche Exclusive Manufaktur и Style Porsche дизајнерскиот оддел.

Работата оригинално започна на 991.2 генерацијата на GT3 со оглед на тоа дека 992 моделот беше претставен во февруари годинава. Финиширан во Summer Yellow со бели и црни акценти, уникатниот спортски автомобил гордо го носи тркачкиот број 7 како потсетник на мотоспорт успесите на новиот сопственик кон средината на 80-тите години. Задното крило и рачката од менувачот се ексклузивни за овој модел, исто како и беџовите на Б-столбот и приказот на Ле Ман патеката извезена во жолто на потпирачите за глава. Тркалата привлекуваат посебно внимание со својот различен финиш и белата боја на предните, односно златната боја на задните тркала.

Дел од новата програма на Porsche

Во внатрешноста доминира црната боја и во неа се наоѓаат „956 Le Mans“ плочки на праговите со силуета на тркачкиот автомобил од 80-тите години, додека претходно споменатата рачка од менувачот магнезиумско топче на крајот кое се користеше во тркачкиот модел. Неговиот врв е направен од алуминиум пред површината да биде избрусена за да го добие финалниот ретро изглед. Самиот Барила работел на поврзувањето на менувачот со моторот, поради што Porsche морал да го ангажира како официјален работник.

Porsche 911 GT3

Автомобилот добива и ознака Sonuderwunsch (специјално барање) со цел да ги информира сите дека ова е првиот автомобил кој е дел од новата програма, овозможувајќи уште повеќе персонализирачки опции од претходно. Паоло Барила го нарача овој модел за својот 60-ти роденден, а некогашниот италијански возач денес е успешен претприемач и е заменик претседател на Barilla Group, италијанската прехрамбена компанија.

Porsche 911 GT3

Иако деталите околу цената не се откриени, не треба да се напоменува дека Паоло Барила морал да плати сериозна сума, но тоа сигурно не било проблем за него, бидејќи магазинот Forbes неодамна истакна дека вреди повеќе од една милијарда евра.

Поврзани вести

Back to top button