„Уловен“ новиот Porsche 911 Turbo на тестирањата
Прототип на следната генерација на Porsche 911 Turbo беше фатен за време на тестирањата, а фотките на супер автомобилот брзо стигнаа до фановите на брендот кои ги споделија преку социјалните мрежи
Специјалистите прогнозираа дека следат промени во крилата и додавање на нови отвори за воздух во каросеријата на возилото и беа сосема во право. Затоа новата 911 Turbo ќе биде доста поширока во споредба со стандардниот 911 и дефинитивно ќе има поагресивен изглед. Секако, не треба да очекуваме револуција во дизајнот на возилото, иако цртите на 911 Turbo ќе се блиски, со оние на 911.
Посериозните промени има во задниот дел на автомобилот, каде што ќе се појави цела лента која ги поврзува двете стоп светла, што не е случај за палетата на 911. Над неа ќе биде сместен познатиот активен заден спојлер, но допрва треба да дознаеме дали ќе има нова форма и профил развиен специјално за турбо верзијата.
Се уште нема никакви информации во врска со моторите и неговите карактеристики, но можеме да претпоставиме дека 911 Turbo ќе излезе на пазарот со 6-цилиндерски боксер со две турбини, погон на четири тркала и PDK менувач со две спојки.