fbpx

Porsche Cayenne Coupe наскоро ќе добие и GTS верзија

Porsche Cayenne Coupe GTS ќе го пополни празниот простор во понудата на германскиот производител меѓу моделите Cayenne S Coupe и Cayenne Turbo Coupe

Cayenne Coupe премиерата ја доживеа минатата година, а Porsche во него гледа како одговор на конкуренцијата во вид на BMW X6 и Mercedes-Benz GLE Coupe. Porsche Cayenne Coupe наскоро ќе добие и GTS издание со кое ќе се пополни празнината меѓу моделите Cayenne S Coupe и Cayenne Turbo Coupe.

Поставен на истата платформа која Lamborghini и Bentley ја користат за своите SUV модели Urus и Bentayga, Cayenne Coupe се карактеризира со пониска линија на покривот и поголема ширина во задниот дел од каросеријата во однос на стандардниот Cayenne, а фотографиите од тестниот прототип откриваат дека GTS верзијата ќе има поинаков завршеток на издувниот систем. Се уште е непознато за кој мотор се одлучиле во Porsche да го напојува Cayenne Coupe GTS, но неофицијално се споменува 4,0-литарскиот V8 мотор со 460 КС, кој германскиот производител го нуди во комбинација со Panamera GTS.

Со карактеристичните црни каросериски детали кои ги карактеризираат и другите модели на Porsche со ознаката GTS, поентата и во овој случај останува на адекватно преработениот адаптивен систем на потпирање кој на автомобилот ќе му обезбеди уште подобра управливост. Исто така, забележливо е дека Cayenne Coupe GTS е пониско поставен за разлика од останатите Cayenne модели.

Поврзани вести

Back to top button