fbpx

Porsche го претстави 911 GT3 RS, „ѕверка“ со 525 КС

Porsche 911 GT3 RS пристигнува со високи перформанси и добива значителни надградби на неговите системи за ладење и аеродинамика кои помагаат да се подобрат можностите на автомобилот.

Porsche го претстави 911 GT3 RS за 2023 година на Неделата на автомобили во Монтереј притоа објавувајќи слики со висока дефиниција кои на најдобар начин ги покажуваат деталите. Најекстремниот атмосферски производствен 911 досега, се надоврзува на основата на веќе неверојатната генерација на 992 GT3, која се префрли на предна суспензија со двојни предни рамена за да му помогне да направи огромен скок напред. Но, моделот ги „заработи“ буквите RS во своето име со тоа што оди уште подалеку, заменувајќи го основниот 4,0-литарски шестцилиндерски мотор кај GT3 со 510 КС, со 525 КС на истата верзија со засилена брегаста осовина.

911 GT3 RS пристигнува исклучиво седумстепен PDK, а новиот аеро комплет ја намалува максималната брзина од 319 км/ч на 296 км/ч. Но, позитивната страна, дополнителната моќност намалува 0,2 секунди од времето потребно за спринт од 0 до „стотка“ на GT3 од 3,2 секунди опремен со PDK.

Истакнати аеродинамични елементи

Сепак правата линија не е онаму каде што блеска овој автомобил, туку во свиоците каде што придобивките на 911 GT3 RS навистина доаѓаат до израз. И тоа во голема мера се должи на неверојатниот оклоп на аеродинамични уреди вградени на речиси секој панел. Почнувајќи од предниот дел, кој добива пар отвори во облик на L кои го издишуваат воздухот вовлечен низ предниот браник, тука се и запчестите отвори што овозможуваат воздухот да излегува од предните куќишта на тркалата. Пред предните тркала се наоѓаат мали крила и уште поголем пар вертикални перки зад нив.

Porsche 911 GT3 RS

Продолжените панели на праговите се задолжени за воздухот што минува долж долниот дел од каросеријата, а има и дополнителни аеро-додатои под подот, додека пар перки што се протегаат од двете страни на покривот помагаат да се насочува воздухот што се движи над врвот. Сепак, на задната страна се случуваат најважните работи. Најочигледната карактеристика на Porsche 911 GT3 RS, покрај огромната графика „GT3 RS“ што се протега покрај вратите, е џиновскиот заден спојлер со двa ката, чиј горен слој може електрично да се прилагоди под агол како F1 DRS уред за намалување на потисната сила преку копче на воланот во зависност од тоа дали на возачот му е потребна поголема или помала потисна сила.

Новите крилни кули се издигнуваат над малиот спојлер, вграден во задната каросерија, и дифузорите закачени под двете централни издувни цевки го комплетираат аеро пакетот. Porsche вели дека 911 GT3 RS може да создаде вкупно 409 кг потисна сила при 200 км/ч, двојно повеќе од неговиот претходник и три пати поголема од онаа на GT3. Ако се зголеми брзината до 285 км/ч RS генерира и до 860 кг потисна сила.

Карбонска изработка и Club Sport пакет

Вратите се изработени од карбонски влакна, а зад нив се наоѓа кабината со пар карбонски седишта и заштитен рол кафез што доаѓа со сега стандардниот Club Sport пакет. Како и останатите GT3 опремени со менувач PDK, рачката на менувачот е вистинска рачка, а не само мало копче на конзолата. Но, дури ни GT3 не располага со четири различни ротирачки избирачи на режимот на возење на воланот, како што тоа е случајот кај овој RS, дозволувајќи му на возачот индивидуално да ги контролира карактеристиките како амортизацијата и задниот диференцијал.

Porsche 911 GT3 RS

Сепак, тоа не е крајот. Тркалата со централно заклучување со димензии 20 инчи напред и 21 инчи назад се обвиткани во Michelin гуми кои се пошироки отколку кај основниот GT3. И покрај дополнителната опрема, Porsche успеа да ја задржи тежината на 1.450 кг, иако тоа е 20 кг потешко од стариот 991.2 GT3 RS и 15 кг повеќе од кај „обичниот“ GT3.

Сепак, не се сомневаме дека 911 GT3 RS ќе ја отфрли таа предност во тежината на патеката. И за возачите кои го сакаат најдоброто од најдоброто и најлесниот можен RS, секогаш постои пакетот Weissach. Со избирање на оваа опција се додаваат предниот капак и покривот изработени од карбон, се заменуваат обичните челични рол кафези и анти-рол барови, како и некои компоненти на суспензијата за карбонски верзии, се додаваат тркалата од магнезиум кои заштедуваат 8 кг. Исто така, воведува технологија за магнет добиена од мотоспортот во лопатките за менување PDK за појасно дејство на менувањето што е придружено со дефиниран клик.

Новиот 911 GT3 RS е достапен за нарачка сега и започнува од 229.517 евра во Германија. Испораките се планирани да започнат на пролет 2023 година.

Поврзани вести

Back to top button