fbpx

Porsche го претстави Cayenne Turbo S E-Hybrid

Cayenne Turbo S E-Hybrid и Cayenne Turbo S E-Hybrid Coupe дебитираат со 670 коњски сили и возен опсег до 40 километри

Германскиот производител претстави нова варијанта во највисокиот опсег на семејството Cayenne. Новата верзија е Cayenne Turbo S E-Hybrid која доаѓа во стандардното тело на Cayenne или во поспортската Cayenne Coupe изведба, а на пазарот ќе се достапни од првата четвртина на 2020 година.

Моделите доаѓаат со plug-in хибриден агрегат, составен од двоен-турбо 4,0 литарски V8 мотор и електрична единица. Конвенционалниот мотор произведува моќност од 541 коњски сили, на кои со дополнителни 134 коњски сили се надоврзува електричната единица, обезбедувајќи му на Cayenne Turbo S E-Hybrid комбиниран излез од 670 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm. Благодарение на овие бројки, германскиот SUV може да забрза до 100 km/h за 3,7 секунди, пред да достигне максимална брзина од 295 km/h.

1 | Cayenne Turbo S E-Hybrid
2 | Cayenne Turbo S E-Hybrid
3 | Cayenne Turbo S E-Hybrid

    Електричниот мотор се напојува со литиум-јонска батерија од 14,1 kWh, поставена помеѓу V8 моторот и осум-степениот автоматски менувач. Ваквата конфигурација овозможува и заедничка и самостојна работа на двете погонски единици. Кога на задача е само електричниот мотор, Cayenne Turbo S E-Hybrid може да патува до 40 километри само на електрична енергија.

    Во поглед на стилот и изгледот, моделите се одликуваат со Acid Green акценти и 21-инчни AeroDesign фелни. Асортиман на опции ќе биде достапен, со Sport Design пакетот кој вклучува карбонски покрив и 22-инчни GT Design фелни. Во внатрешноста присутен ќе е спортски управувач обвиткан со алкантара и карбонски завршетоци.

    Покрај воведувањето на двата високо-перформансни модели, Porsche исто така го најави и Cayenne E-Hybrid Coupe, кој ќе биде опремен со 3,0 литарски V6 мотор и електрична единица, со заедничка моќност од 455 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Ова му обезбедува забрзување до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од 253 km/h, додека целосно електричниот возен опсег изнесува 43 километри.

    Поврзани вести

    Back to top button