fbpx

Porsche го зголеми уделот во Rimac

Porsche и Rimac во последниот период се во фокусот на вниманието, а сега германскиот производител го зголеми својот удел во хрватската компанија

Во 2018 година германскиот производител Porsche си обезбеди удел во хрватскиот бренд за електрични хиперавтомобили Rimac со откупување на малцински пакет на акции од 10 проценти. Во септември 2019 година овој удел порасна на 15,5 проценти, а сега, според најновите информации, Porsche поседува речиси една четвртина од Rimac, поточно 24 проценти.

Двете компании во последен период се во фокусот на вниманието поради можните претумбации во Volkswagen групацијата, односно можноста Rimac да го добие Bugatti „бесплатно“, со тоа што Porsche ќе добие 50 проценти удел во хрватската компанија. Но, додека да се случи тоа, ако воопшто се случи, германскиот бренд одлучи да вложи дополнителни 70 милиони евра, но тоа не гарантира контролирачко влијание во компанијата, нешто кон што цели Porsche.

Сепак, она што е најинтересно, а го откри германскиот производител е тоа што хрватската компанија ќе стане снабдувач од прво ниво, што значи дека идните модели на Porsche ќе користат електричен „хардвер“ произведен токму од Rimac.

По сето ова, останува нејасно што ќе се случи со претходните шпекулации дека Porsche ќе добие половина од компанијата, како и каква ќе биде судбината на Bugatti со оглед на претходните најави дека Rimac ќе ја преземе контролата врз францускиот бренд.

Одлуката би требало да се донесе во првата половина од оваа година, откако извршниот директор на Рorsche и член на бордот на менаџери на Volkswagen групацијата, Оливер Блуме, неодамна посочи дека токму Rimac би можел да игра клучна улога кога станува збор за иднината на Bugatti. Ако се оствари тоа, постојат големи шанси во иднина да видиме целосно електрични хиперавтомобили од Bugatti кои ќе користат технологија од Rimac.

Поврзани вести

Back to top button