fbpx

Porsche подготви Touring верзија за новиот 911 GT3

Германскиот производител Porsche подготви нов Touring пакет за еден од најбрзите 911 модели кои ги има во својата понуда, а тоа e новиот 911 GT3

Новата генерација на Porsche 911 GT3 е еден од најбрзите 911 модели кои компанијата некогаш ги има создадено. Со природно аспирираниот 4,0-литарски шестцилиндерски мотор кој испорачува 510 КС и 469 Nm максимален вртежен момент, новата генерација на GT3 стигнува од нула до „стотка“ за 3,4 секунди, додека максималната брзина е 320 километри на час.

Но, покрај одличните перформанси, овој модел пристигнува со секаков вид на додатоци кои го нагласуваат агресивниот и перформансниот карактер. Сепак, за оние кои сакаат нешто посуптилен суперавтомобил кој ќе ги задржи истите перформанси, но ќе ги нема масивните отвори за воздух, спојлери и слично, Porsche го претстави новиот 911 GT3 Touring. Ова е вторпат Porsche да понуди Touring верзија на својот GT3 модел, откако претходно истото го направи со 991.2. Исто како и кај претходникот, овој модел пристигнува со сета моќност што може GT3 да ја понуди, но како што истакнавме, со еден посуптилен стил.

Најголемата визуелна разлика меѓу традиционалниот 911 GT3 и Touring моделот е задниот масивен спојлер кој кај оваа варијанта сега го нема. Предниот дел исто така добива и своја специјална решетка, додека лајсните околу прозорците се во сребрена боја, исто како и издувниот систем кој има сребрен финиш како стандард, односно сатенски црн како опција. Тука исто така е и GT3 Touring беџот кој е лоциран на задниот браник.

GT3 Touring

Повеќе опции

Истите 20 и 20-инчни тркала од нормалниот GT3 се префрлени и тоа, како и големиот избор за финиш на екстериерот и кожниот финиш на ентериерот. Сепак, разликата е во тоа што Touring моделот сега нуди стандарден кожен тапацир, со црна кожа на горниот дел и голем број на бои достапни за долниот дел на контролната табла. Купувачите исто така ќе добијат и специјален хронограф направен од Porsche Design.

GT3 Touring

Под хаубата останува препознатливиот агрегат, со тоа што сега купувачите ќе можат да изберат шестстепен мануелец или седумстепениот PDK менувач со двојна спојка. Претходниот GT3 Touring се нудеше само со шестстепениот мануелен менувач.

Поврзани вести

Back to top button