fbpx

Porsche ја претстави освежената Panamera заедно со новиот Turbo S

Porsche Panamera мина низ фаза на рестилизација, а заедно со освежениот стандарден модел пристигнаа и новите Turbo S и 4S E-Hybrid

По тизер кампањата во која беше прикажан и рекордниот круг на Нирбургринг, освежената Porsche Panamera конечно пристигна. Најважната промена се однесува на лансирањето на Turbo S моделот кој служи како замена за регуларниот Turbo. Притоа добива сериозно унапредување на моќноста. Битурбо 4,0-литарскиот V8 мотор сега произведува 620 КС и 820 Nm максимален вртежен момент. Тоа е за 70 КС и 50 Nm повеќе во однос на претходно.

Porsche Panamera

Благодарение на ова, спринтот од нула до „стотка“ сега се достигнува за 2,9 секунди. Шт е за половина секунда побрзо од „старата“ Panamera Turbo. Нешто потешката Executive верзија со продолженото меѓуоскино растојание е за нијанса побавна, со оглед на тоа дека за истиот спринт се потребни три секунди. Без оглед на верзијата, сите Turbo S модели достигнуваат максимална брзина од 315 километри на час.

Но, Porsche Panamera Turbo S не е единствената новина во опсегот за 2021. Имено, Porsche го претстави и 4S E-Hybrid моделот. Plug-in верзијата комбинира битурбо 2,9-литарски V6 мотор со електромотор за вкупна моќност од 552 КС и 750 Nm максимален вртежен момент. Со исклучен launch control, спринтот до „стотка“ се достигнува за три и пол секунди. Максималната брзина е 298 километри на час, што е отприлика колку Panamera Turbo.

Porsche Panamera

Освежувањата за 2021 носат и поголем капацитет на батериите за plug-in хибридите и овозможува целосно новиот 4S E-Hybrid да покрие 54 километри користејќи исклучиво електрична енергија. Кога станува збор за базичната Panamera, Porsche се откажува од претходниот 3,0-литарски мотор и на негово место пристигнува битурбо 2,9-литарскиот мотор кој произведува 325 КС и 450 Nm максимален вртежен момент.

Покрај промените под хаубата, 2021 Panamera добива и серија суптилни дизајнерски промени. Најочигледната од нив е на задниот дел каде сега се наоѓа LED светлосна лента по примерот на поновите Porsche модели. На предниот дел, сите верзии пристигнуваат со стандардниот SportDesign изглед кој претходно се нудеше како опција. SportDesign пакетот достапен со или без карбон ефекти може да се добие за дополнителен надомест.

Porsche исто така додава и нови 20 и 21-инчни дизајни за тркалата, а притоа отворите за воздух на Turbo S сега се поголеми. Новиот модел добива карактеристичен преден светлосен потпис заедно со обновен спортски издувен систем. Промените на надворешноста завршуваат со двете нови бои – Truffle Brown Metallic и Cherry Red Metallic.

Во внатрешноста, освежената Porsche Panamera добива нов управувач со лопатки за брзини заедно со GT Sport управувач кај Turbo S. Како опција за останатите нивоа на опременост, GT Sport управувачот има лопатки обвиени во кожа. Зависно од верзијата, предните седишта можат да бидат електронски подесени на 8, 14 или 18 начини, додека аудио системот на Bang & Olufsen со 21 звучник можат да го заменат стандардниот систем со 14 звучници и 710-ватната Bose поставка кај Turbo S.

Инженерите исто така го „заострија“ управувањето и инсталираа нови гуми со што се добива зголемено триење и намален отпор. Високо перформансните гуми дебитираат на Panamera, со тоа што Turbo S добива и керамички композитни сопирачки како дел од стандардната опрема.

Porsche објави дека цената на освежената Panamera во Германија стартува од 91.345 евра.

Поврзани вести

Back to top button