Porsche ја претстави третата изведба на Taycan

Како проширување на поставата, Porsche Taycan 4S доаѓа со 536 коњски сили и е позициониран во средина на опсегот

По Taycan Turbo и Taycan Turbo S, германскиот производител ја претсави третата генерација на популарниот електричен спортски модел наречена 4S. Како што сугерира името, 4S обезбедува погон на сите четири тркала, како и Taycan Turbo и Turbo S, само со помали електрични мотори – по еден на предната и задната оска. Исто така поставен е и двостепен менувач на задниот дел за подобрување на забрзувањето.

Новата верзија е позиционирана во средина на опсегот и е достапна со два батериски пакети, кои овозможуваат возен опсег од 407 и 463 километри. Електричната моќност доаѓа со вредност од 522 коњски сили, кои растат на 536 со опционалниот Performance Battery Plus пакет. Ова му овозможува забрзување до 100 km/h за 4 секунди, со максимална брзина од 250 km/h.

Со цел да се разликува од двата постоечки модели во опсегот, Taycan 4S доаѓа со суптилни измени, како нови 19-инчни Turbo S Aero тркала, црвени кочни шапи, помалку агресивен дизајн на предниот и задниот браник и малку подигнато потпирање. Од стандардните елементи, новиот Taycan со Porsche Dynamic Light System Plus LED светла, 10,9-инчен кокпит, делмно кожен ентериер и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close