НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Porsche Macan S со нов V6 мотор

Porsche објави дека новата V6 верзија на компактниот и најпродаван модел на марката- Macan S, веќе може да се нарача, а базната цена е утврдена на 64.000 евра за територијата на Германија

Porsche Macan S е опремен со ново развиен 3.0 литрски, V облик, шестцилиндричен турбо мотор кој е во состојба да генерира максимална моќност од 354 коњски сили и максимален вртежен момент од 480 Nm, што претставува зголемување од 14 коњски сили и 20 Nm во споредба со претходната верзија на моделот.

Macan S

Како дополнителна опрема за Macan S од Porsche нудат Sport Chrono пакет со кој автомобилот е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 5.1 секунди и да развие максимална брзина на движење од 254 km/h.

Исто така како опција за Macan S се нуди, a дебитираше кај 911, спортскиот волан GT, во кој е интегриран и дополнителен прекинувач за индивидуални режими на однесување на возилото.

Macan S

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close