fbpx

Porsche ја најави 911 Carrera T

Од компанијата коментираат дека возилото е развиено со идејата да предложи нова димензија на задоволство на патот, да нагласи неколку уникатни карактеристики.

Porsche објави соопштение за новата 911 Carrera T.

Во стандардната опрема на Porsche 911 Carrera T се вклучени спортска суспензија, намалена оддалеченоста од патот со 2 сантиметри, оптимизиран Sport Chrono Package, специјален менувач и други елементи. Како дополнителна опрема е достапен систем за вртење и на задните тркала, кој не е достапен за корисниците на 911 Carrera.

Porsche 911 Carrera T

Акцент при Porsche 911 Carrera T се дополнителните промени на возилото, нанесени со цел полесна конструкција. За целта возилото доаѓа со полесни задни странични стакла, намалена звучна изолација на кабината. Задните седишта и PCM (Porsche Communication Management) системот се отстранети. Но се достапни како дополнителна опрема без доплата, само ако тоа го посакува клиентот. Крајниот резултат е автомобил кој е 20 килограми полесен од сличната 911 Carrera верзија на автомобилот.

Шестцилиндерскиот погонски агрегат на Porsche 911 Carrera T е со максимална моќност од 370 коњски сили и вртежен момент од 450 Nm. Zабрзувањето од 0 до 100 km/h може да биде спроведено за 4.5 секунди со верзијата со мануелен менувач. Со роботски пренос, автомобилот достигнува 100 km/h во рок од 4,2 секунди. И двете верзии на 911 Carrera T доаѓаат со максимална брзина од 290 km / h.
Porsche 911 Carrera T е достапно во продажните салони во Германија, а базна цена е 107.553 евра.

Поврзани вести

Back to top button