fbpx

Porsche не ја смета Tesla за свој директен ривал

Германскиот гигант Porsche нема никакви планови да го „руши“ владеењето на американската компанија Tesla во светот на електричните автомобили

Првиот човек на германскиот производител, Мајкл Штајнер, зборуваше за иднината на неговата компанија во светот на електричните автомобили и откри дека Porsche не ја гледа компанијата Tesla како голем ривал. Во минатото, автомобилските производители едногласно признаваа дека технологијата на Tesla за батерии е далеку пред сите, но според Porsche, приоритетите се различни кога станува збор за батериите.

„Иако луѓето сакаат да зборуваат дека постојано се натпреваруваме, тоа не е така. Tesla не е на голем ривал. Со Model 3 на сите јасно им ставија до знаење какви се нивните цели. Ние правиме помали, полесни и поевтини батерии кои побрзо се полнат, додека Tesla има малку поинаков концепт и со самото тоа вработува поинакви луѓе“, смета Штајнер.

Оваа филозофија е особено истакната кај Porsche Taycan каде се овозможува батеријата да се наполни од 5 до 80 проценти за само 22,5 минути, што е побрзо од моделите на Tesla. Инаку, еден од следните целосно електрични автомобили на Porsche ќе биде електричната верзија на Macan. Планот е електричниот модел да се продава истовремено со конвенционалниот Macan, a Штајнер открива дека двата модели ќе бидат многу различни, особено поради фактот дека во Porsche веруваат во фактот дека купувачите на електрични автомобили сакаат да бидат видени дека возат EV модели.

Поврзани вести

Back to top button