Porsche со тизер го најави тркачкиот 911 GT3

Porsche Motorsport објави тизер за 992-генерацијата на 911 GT3 Cup тркачкиот автомобил кој ќе се појави на тркачките патеки во 2021 година

Германскиот производител ја најави најновата генерација на Porsche 911 GT3 Cup. Во тизерот кој е објавен, прототипот е претставен со специјална црно-бела „униформа“ која го нагласува изгледот на голем број познати тркачки патеки каде што Porsche серијата ќе се одржи. Уште од старт се идентификува како 992-генерациски модел благодарение на истите задни светла и LED светлосната лента како и патничкиот модел.

Со оглед на тоа дека тука станува збор за тркачки автомобил, моделот се одликува со заден спојлер кој е мошне сличен како кај 911 RSR од 991 генерацијата. Со овој масивен спојлер се комплементира и карактеристичниот и нагласен дифузер кој ја зголемува потисната сила на тркачкиот автомобил.

Актуелниот GT3 Cup тркач од генерацијата 911 се карактеризира со атмосферски 3,8-литарски шестцилиндерски boxer мотор кој испорачува 460 КС. Се уште не е познато дали 992 моделот ќе го има истиот мотор со некои унапредувања или целосно нов погон.

Со оглед на тоа дека станува збор за вистински тркачки автомобил, неизбежно е дека Porsche ќе направи значителни модификации на сопирачките и шасијата кај 911 GT3. Исто така, ќе ги содржи сите задолжителни безбедносни унапредувања кои се очекуваат кај еден тркачки автомобил.

 

Поврзани вести

Back to top button