ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Porsche Taycan ги демонстрира своите способности на Формула Е

Прототипна изведба на престојниот Porsche Taycan ги покажа своите динамички способности со изведување на неколку брзи кругови на Формула Е патеката

Њујорк е трета и последна станица на Porsche Triple Demo Run, посебен настан во кој компанијата го прошета престојниот Taycan на три континенти во траење од три недели, по посетите на Кина и Обединетото Кралство.

Нел Јани, возачот на Porsche, го возеше прототипот на Taycan на Red Hook кружната патека во Бруклин, демонстрирајќи ја неговата брзина и напредната технологија за обновување на енергијата на возилото.
„Бев изненаден од големиот опсег на новиот Taycan, дури и при услови на динамично возење по ваква патека“, изјави Јани по неговото возење. „ Тоа се должи на неговата батерија ориентирана кон перформансите и софистицираниот систем за управување со енергијата“, додаде тој.

Porsche Taycan

Додека повеќето технички детали се сеуште непознати, новиот Porsche Taycan се очекува да добие преку 600 коњски сили од електричната погонска единица. Компанијата веќе потврди дека заврзувањето до 100 km/h ќе биде за 3,5 секунди, пред достигнување на максимална брзина од 250 km/h.

Porsche исто така потврди дека повеќе од 20.000 клиенти покажале интерес за својот прв батериски електричен модел, за кои веќе оставиле депозит. Новиот Porsche Taycan ќе биде претставен во целосно производна верзија во септември, а официјално ќе се појави на пазарот кон крајот на годината.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close