fbpx

Porsche Taycan го доби првиот официјален карбон кит

Норвешката компанија Zyrus Engineering подготви карбонски дизајнерски пакет кој го унапредува изгледот на Porsche Taycan

Компанијата Zyrus Engineering има богато искуство кога станува збор за работата со карбон, а body китот за Taycan го подготвуваше три месеци. Се состои од 14 посебни компоненти кои користат оригинални точки за монтирање, а крајниот производ изгледа навистина спектакуларно и професионално.

По речиси три месеци создавање на прототипи, во Zyrus се убедени дека ќе бидат првите на пазарот со високо квалитетен пакет за Taycan. Дел од пакетот вклучува преден сплитер, странични прагови, предни крила со вентилациски трим, заден спојлер и дифузер на задниот браник. Исто така може да се забележи и OZ Racing HyperGT HLT тркала.

Овој карбон body кит има почетна цена од 12.900 евра и може да се добие во мат или црн карбон. Задниот спојлер може да се добие посебно за 1.700 евра, со тоа што Zyrus нуди и персонализирани опции за боја според барање.

Кога станува збор за самиот автомобил, Porsche Taycan е првото продукциско возило кое користи системски напон од 800 волти, наместо вообичаените 400 волти. Автомобилот поседува 93,4 kWh батерија која ги напојува двата електромотори кои испорачуваат 429 до 750 КС зависно од верзијата. Забрзувањето од нула до „стотка“ се достигнува за 2,8 секунди (Taycan Turbo S), додека максималната брзина е електронски ограничена на 260 километри на час.

Целосниот карбон кит за Porsche Taycan може да се нарача во Норвешка, а наскоро ќе биде достапен и на меѓународните пазари.

Поврзани вести

Back to top button