Porsche Taycan претворен во уметничко ремек дело

Уметничките автомобили можат да бидат подеднакво возбудливи и контроверзни потфати, но се чини дека на Porsche Taycan му прилега таа улога

Низ историјата често се среќавале автомобилските и уметничките умови, а резултатот често бил голем број на специјални возила кои оставаат без здив. Исклучок не е ниту Porsche кој подготви една уметничка интерпретација на Taycan 4S.

Porsche Taycan

Германскиот производител ги здружи силите со прославениот американски уметни Ричард Филипс со цел да создаде автомобилско уметничко ремек дело. Целосно електричниот спортски автомобил ја доби улогата на платно, а проектот беше со природна тематика. За уметничкиот автомобил, Филипс ја адаптираше својата позната Queen of the Night слика оригинално комплетирана во 2010 година.

„Резултатот е оваа креација, која ги рефлектира водечките принципи на одржливост и електромобилност, а секако и места чиј силен фокус е природата на Швајцарија“, изјави Михаел Глински, извршниот директор на Porsche Schweiz AG.

Дури и со електричен автомобил како Taycan, цветната фокусна точка на ова „парче“ се наоѓа на хаубата, која нежно се прелева преку покривната линија кон задниот дел од автомобилот. На задната страна цвеќињата се отвораат и го откриваат синото небо придружено од неколку пеперутки. Концептивно, Филипс вели дека Queen of the Night „униформата“ го зема предвид фактот дека дизајнот на електричниот автомобил е икона за електричната мобилност и брзина.

Со оглед на тоа, неговата работа ги комплементира клучните елементи на Taycan како што е задната светлосна лента која го осветлува цветот околу задниот браник. Друг пример е предниот беџ на Porsche поставен во срцето на цвеќето, заедно со уште неколку други примери.

Автомобилот е креиран во Цирих во декември 2020, а благодарение на поддршката од RM Sothesby’s, овој уникатен Porsche Taycan ќе се најде на аукција на 6 април годинава. Целата заработка ќе биде донирана во добротворни цели.

Поврзани вести

Back to top button