Porsche Taycan Turbo S со импресивни перформанси на автопат

Porsche Taycan Turbo S излезе на автопат, популарниот Autobahn и ја покажа сета своја моќ и перформанси

Иако преовладува мислењето дека автопатиштата се уште не се „природни“ за електричните автомобили, кои имаат потешкотии долго време да одржуваат висока брзина, тоа дефинитивно не е случајот со Porsche Taycan Turbo S. Во приложеното видео може да се види како со леснотија овој автомобил достигнува брзина од 269 километри на час, а очигледно е дека е способен за уште повеќе.

Електричните автомобили стануваат се поприсутни на популарните германски Autobahn, а протагонистот во ова видео до 100 километри на час забрзува за 2,8 секунди, за потоа да ги достигне максималните 269 километри на час (официјално 260 km/h). Она што исто така е импресивно е до која мерка Taycan е стабилен при високите брзини и во свиоците. Погледнете го видеото и уверете се самите во способностите на Porsche Taycan Turbo S.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close