fbpx

Викенд тарифа: Porsche произведе 1.000.000 единици од легендата

Точно 54 години по почетокот на производството на легендата 911

Точно 54 години по почетокот на производството на легендата 911, Porsche забележа склопување на претставник на моделот со реден број 1.000.000. Паралелно со тоа од компанијата најавија дека повеќе од 70% од сите 911-ки можат да се користат и во моментов.

Porsche произведе 1.000.000 единици од легендата

Јубилејното Porsche 911, од актуелното семејство, од кое минатата година биле реализирани над 32.300 единици, е верзија Carrera S, исполнето во посебен Irish Green екстериер и со бројни уникатни за возилото карактеристични дополнувања. Пред едномилионитото Porsche 911 да стане дел од колекцијата на Porsche Museum, возилото ќе се впушти на светска турнеја, за време на која ќе учествува во специјално организирани настани во Европа, САД, Кина…

Поврзани вести

Back to top button