Последни тестови за електричниот SUV -Mercedes EQ C

Mercedes-Benz е во финална тест фаза со првиот сериски електричен кросовер

Mercedes EQ C треба да означи почеток на цела една палета на електрични модели од Германците, а „уловен“ е за време на испитувања во Германија. Првите примероци на EQ C се очекува да ги видиме по патиштата низ Европа кон крајот на следната година. Сеуште не се знае што ќе биде користено како сериски погон во машината, но моќноста сигурно нема да биде помала од сериозните 400 КС, кои ги имаше истоимениот концепт.

Сепак, разлика меѓу концептот и серискиот производ се очекува да има во однос на максималната автономија со едно полнење. SUV изведбата ќе користи околу 100 kWh батерии кои ќе гарантираат автономија со едно полнење од речиси 500 километри. Кога ке се појави во продажба, Mercedes EQ C ќе има доста сериозна конкуренција од лансираните неодамна Jaguar I-Pace и најавуваниот Audi E-Tron.

Кон нив во 2020 година ќе се приклучи BMW iX3, а некаде во исто време ќе го видиме и Tesla Model Y.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close