fbpx

Потпишан договор за соработка меѓу Еуроимпекс и МОБ

Дистрибутерот за возила од програмата на Peugeot за регионов, компанијата Еуроимпекс, е нов пријател на културата и Македонската опера и балет

Во иднина за да стигнат до потребната дестинација луѓето од MOБ ќе користат возила на Peugeot, а посебно место ќе заземе новиот кросовер 3008.

Во пресрет на овогодинешните 46-ти по ред Мајски оперски вечери, Македонската опера и балет подготвува прекрасни доживувања за љубителите на уметноста под мотото „Го славиме Пучини“. По повод 160 годишнината од раѓањето на овој безвременски мајстор на операта, Македонската опера и балет подготви програма од неговите најпопуларни дела, поддржани со гости солисти од целиот свет.

Еуроимпекс

Оваа година, публиката на Мајските оперски вечери, во нејзината официјална програма, ќе може да проследи пет оперски изведби, еден оперски и еден гала балетски концерт. Како дополнително уживање во месецот на операта, Македонската опера и балет подготвува две изложби и две промоции на книги. Комплетна подршка за реализација на сето ова МОБ ќе има од импортерот за возилата Peugeot за регионов, како и претставник на други производители, компанијата Еуроимпекс.

        Со 46-те Мајски оперски вечери имаме чест да Ви најавиме дека наш нов пријател на културата и на нашата институција е Еуроимпекс. Како љубители и поддржувачи на културата се надеваме на долгогодишна соработка во областа на балетската и оперската уметност. Наша чест е што добиваме пријатели кои ќе се грижат за сите наши патувања да бидат сигурни, достоинствени и успешни. Наша „дестинација“ ќе биде успехот на МОБ на европските врвни сцени“ – изјави в.д директорот на МОБ, Ќазим Асотиќ.Еуроимпекс

На ова се надоврза Ана Николоска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс:

         Низ сите овие години, преку континуирано справување со екстерни и интерни фактори кои вршат влијание врз работењето, како и преку процесот на активно учење, Еуроимпекс прерасна во компанија високо позиционирана на пазарот. Покрај сите 11 брендови со кои успешно стопанисува компанијата, во јавноста сме најпознати како генерален увозник за автомобилскиот бренд Peugeot.

Брендот Peugeot е со повеќе од 200 години постоење, 200 години традиција и успешен развој со постојано инвестирање во технолошки иновации, безбедносни системи од најновата генерација. Peugeot брендот понудува најмлада и најсовремена гама на автомобили меѓу кои како водич на брендот моментално го издвојувме SUV моделот Peugeot 3008.

Поврзани вести

Back to top button