fbpx

Ќе се повлече ли Mercedes од Formula 1?

За прв пат од почетокот на 80-тите години на минатиот век Formula 1 се соочува со многу важен избор во кој правец ќе го продолжи развојот

За разлика од пред речиси 40 години, Берни Еклстоун веќе не учествува во битката. Новиот главен акционер во Formula 1, Liberty Media планира сериозни промени во спортот за сезоната 2021, бидејќи сегашната рамка за управување ќе дејствува до крајот на 2020 година.

Тоа значи нови технички правила, промени во распределбата на парите од наградниот фонд и придонесите на Formula 1, намалување на трошоците и наметнување на висина на буџетите. Сето ова се прави со една цел – израмнување на силите, давање шанса на помалите тимови да постигнат нешто повеќе и зголемување на просторот за интерес.

Секако, големите тимови се против слични промени, а како и обично што се случува во такви моменти, заканата за напуштање на Formula 1 и основањето на нов шампионат повторно излегува на дневен ред. Ова е најлошото сценарио за Liberty Media – Formula 1 да остане без главните играчи. Оваа закана делува уште од крајот на 90-тите години: Кој би гледал Formula 1 без Ferrari и McLaren, сега на местото на McLaren е Mercedes од разбирливи причини.

Formula 1

Една приватна средба на шефот на тимот на Mercedes, Тото Волф со Берни Еклстоун, Лука ди Монтеѕемоло и Лоренс Гради, ги провоцира медиумите да очекуваат дека четворицата се договорни за лансирањето на нов шампионат паралелен на Formula 1. Волф негира, а во интерес на вистината, освен него, само Строу – новиот главен акционер во Force India, кој веќе се вели Racing Point, е единствениот кој е поврзан со спортот.

Волф ги нарече овие претпоставки „глупости“ и најави дека воопшто не станувало збор за „алтернативен шампионат“ и „напуштање на Formula 1“.

Поврзани вести

Back to top button