Познати се финалистите за Светски автомобил на годината
Претендентите за наградата Светски автомобил на годината за 2023 доаѓаат во фокусот откако организацијата ги откри овогодинешните финалисти
Изборот за Светски автомобил на годината започна со објавување на десетте финалисти во главната категорија, плус четирите најдобри финалисти во петте дополнителни категории на World Car Awards. Победниците ќе бидат објавени на 5 април за време на меѓународниот автомобилски саем во Њујорк во 2023 година.
Во насловната категорија за Светски автомобил на годината за 2023 година, има разновидна група која вклучува сè, од купеа до кросовери до електрични возила. Меѓу нив се Alfa Romeo Tonale, BMW 2-Series Coupe, BMW X1 / iX1, Honda HR-V / ZR-V, Hyundai Ioniq 6, Kia Niro, Mazda CX-60, Mercedes C-Класа, Nissan Ariya и Nissan Z.
Иако има голем број електрични конкуренти во главната категорија, има и награда за Светско електрично возило за 2023 година. За среќа, има минимално преклопување бидејќи финалистите ги вклучуваат BMW i7, Genesis GV60, Hyundai Ioniq 6, Kia Niro EV и Lucid Air.
Без поголеми изненадувања
BMW 7-Series / i7 исто така се натпреварува за титулата Светски луксузен автомобил за 2023 година, a ќе се бори со Genesis G90, Land Rover Range Rover, Land Rover Range Rover Sport и Lucid Air.
Финалистите за светски перформансен автомобил за 2023 година се во голема мера без изненадување и ги вклучуваат BMW M4 CSL, Kia EV6 GT, Nissan Z, Porsche 911 GT3 RS и Toyota GR Corolla.
Продолжувајќи понатаму, за наградата Светски урбан автомобил за 2023 година ќе конкурираат Citroen C3, ORA Funky Cat / Haomao и Volkswagen Taigo / Nivus.
За најдобар дизајн ќе се натпреваруваат Cadillac Lyriq, Hyundai Ioniq 6, Land Rover Range Rover, Lucid Air и Nissan Z.
И на крај, пет лица ќе се натпреваруваат за титулата World Car Лице на годината. Тоа се претседателот на BYD, Ванг Чуанфу, инженерот на BMW, д-р Стела Кларк и дизајн гуруто на Hyundai, СангЈуп Ли. Други кандидати се извршниот директор на Lucid, Питер Раулинсон и главниот инженер на Toyota GR Corolla, Наојуки Сакамото.