fbpx

Практична опрема за безбедно патување од Opel

Покрај добро познатите услови за едно безбедно и релаксирачко патување е и безбедно складираниот багаж

Opel за своите модели нуди широк опсег на практична опрема која ќе ни овозможи едно удобно и безбедно патување. Многу простор и флексибилна дистрибуција на багаж се силните страни на караваните на Opel.

Insignia Sports Tourer е предводник на караваните на Opel со 1.665 литри багажен простор. Опционалниот FlexOrganizer® го чува багажникот на Sports Tourer чист и уреден. Благодарение на шините во подот, мрежите што го делат просторот и разните додатоци, има место за се што е во багажникот.

безбедно

Решетка за заштита на патничкиот простор од предмети во багажникот може да се инсталира и во моделот на Grandland X. Покрај организаторите на багаж наменети за багажниот простор на возилата на Opel, има и флексибилни системи за транспорт и за превоз кои создаваат дополнителен простор за складирање.

Со своите стандардни покривни шини, Opel Sports Tourers може да носи максимално од 75кг (Astra), 85кг (Grandland X) и дури 100кг (Insignia). Лесно се инсталираат кровни куќишта и носачи за велосипед, кои лесно се поставуваат. Opel нуди и разновидни носачи на маунтин бајк велосипеди. Во Combo Life, “Best Buy Car in Europe 2019”, опционална мрежа го одделува патничкиот простор од багажникот.

безбедно

Покрај тоа, голем број додатоци, како што се разни душеци и подни покривки со анти-лизгачки слоеви, го штитат багажниот простор од удари и гребнатинки кои често се појавуваат за време на товарење и растоварање. Дополнителен, исклучително практичен додаток за одмор е двонасочната, преклоплива транспортна кутија со димензии 61x34x31см.

Opel исто така размислува за безбедноста на најмладите патници и нуди детски седишта и системи за деца од сите возрасни групи (стандард ECE-R 44/04), прилагодени за секој модел. Седиштата може лесно да се наместат благодарение на ISOFIX приклучоците или стандардни ремени со три точки на затегање.

Последно, но не и најмалку важно, четириножните членови на семејството често се исто така важни. Кучињата кои тежат до 8 килограми можат да се вози безбедно и опуштено на задното седиште, благодарение на специјалниот безбедносен ремен за кучешкиот појас

Поврзани вести

Back to top button