fbpx

Премиера на новиот BMW M8

Долгоочекуваната баварска ѕверка дебитираше во Coupe, Convertible и Competition издание

Баварската компанија го претстави новиот BMW M8, кој овојпат наместо само во Coupe, дебитираше и во Convertible, Coupe Competition и Convertible Competition варијанта.

Под капакот на стандардниот M8, односно M8 Coupe и M8 Convertible, поставен е твин турбо 4,4 литарскиот V8 мотор, позајмен од M5, кој испорачува моќност од 592 коњски сили и вртежен момент од 750 Nm. Кај Competition изведбата, BMW ја зголеми моќноста за дополнителни 25 коњски сили, односно на 617 коњски сили.

Сите M8 модели се опремени со напредниот xDrive систем за погон на сите тркала, кој е поврзан со осум-степениот Steptronic менувач. Тука е вклучен Active M диференцијал, кој овозможува два нормални режими на возење и тоа 4WD и 4WD Sport. Доколку возачите го деактивираат системот за динамичката контрола на стабилноста, тие можат да го изберат 2WD режимот, кој ја испраќа целата моќност до задните тркала.

BMW M8

Благодарение на ваквата изведба, стандардниот M8 во Coupe варијанта забрзува до 100 км/час за 3,3 секудни, односно 3,4 секунди во Convertible варијанта. Кај Competition моделите, ова време е секако малку пократко, така што спринтот до 100 км/час кај Coupe Competition е за 3,2 секудни и 3,3 секунди кај Convertible Competition.

Конфигурацијата на системот за потпирање кај M8 се состои од специфични адаптивни амортизери, додека пак системот за управување е електромеханичкиот M Servotronic. Системот за динамична контрола на стабилноста на автомобилот нуди M Dynamic режим, кој овозможува поголемо ниво на лизгање на тркалата во однос на подлогата.

Дополнително, кабините кај сите M8 модели доаѓаат со стандардните карактеристики, вклучувајќи Head-Up дисплеј, систем за помош при управувањето, паркинг асистент и BMW Live Cockpit Professional. Во централната конзола позиционирано е „M“ копчето, преку кое возачите можат да одберат помеѓу Road и Sport режимот кај стандрдниот M8, и Road, Sport и Track кај Competition моделите.

Поврзани вести

Back to top button