Премиера на најмалиот кросовер во гамата на Volkswagen, новиот T-Cross

Покрај тоа што го носи епитетот „најмал“, T-cross исто така e и најевтиниот SUV модел на Volkswagen

zlatno trkalo finalist

На посебна манифестација која беше одржана вчера во Амстердам, Volkswagen го претстави новиот кросовер во линијата, малиот T-Cross. Кај надворешниот изглед на овој модел, може да се забележи дека дел од дизајните се земени од поголемите SUV модели, па така на прв поглед, во предниот дел се забележува сличноста со Touareg, што се должи на централната решетка помеѓу фаровите. Во страничниот изглед, T-Cross со својата карактерна линија наликува на поголемиот Tiguan.

Сепак заедниот дел е веројатно еден од најоригиналните делови на овој автомобил, особено со новите карактеристични задни светла кои се поврзани со тенка светлосна линија, што го прави T-Cross поширок отколку што навистина е. Во основата на Volkswagen T-Cross е платформата со променливи димензии MQB A0, врз која е изградена шестата генерација на Polo. Така, оваа платформа му дозволи на VW предната оска да ја лоцита малку понапред, па така се добива релативно големо меѓуоскино растојание од 2,56 метри, во однос на должината на возилото. Малиот кросовер е долг 4,11 метри, а висок е 1,56 метри, со што е поголем од Polo, но сепак помал од Audi Q2.

Од VW тврдат дека како резултат на сето ова, внатрешноста кај овој модел е прилично пространа и нуди доволно простор за пет патника.

Багажниот простор има променлив капацитет меѓу 385 и 455 литри. Со преклопување на задната клупа, овој капацитет се зголемува на импресивни 1281 литри. Дизајнот на интериерот е секако со потекло од Polo, со што најголемата сличност се забележува во контролната табла, а додека пак управувачот е потполно нов. Исто како и кај Touareg, T-Cross е опремен со разни модерни системи, како најновниот VW инфотеинмент систем, индуктивен полнач на смарт-телефоните, четири USB порти, втора генерација на активни инфо дисплеи и др.

1 | T-Cross
2 | T-Cross
3 | T-Cross
4 | T-Cross

    Што се однесува до системите за помош при управувањето, овој модел е опремен со најновите од овој тип, системите за мониторинг на пешаци, сопирање во итни случаи, помош при тргнување на угорници, систем за позиционирање и задржување на автомобилот во лентата и систем за детектирање на т.н. мртов агол. Како опционални, можат да се изберат и системот за предупредување на возачот, помош при паркирање, како и адаптивниот темпомат.

    Како што веќе беше најавено, T-Cross доаѓа со четири турбо мотори и тоа три бензински и еден дизел мотор.

    Првите две варијанти се со 1.0 литарскиот три-цилиндричен TSI мотор, со моќност од 95 и 115 коњски сили. Третата варијанта со бензиски мотор е со 1.5 литарскиот четири-цилиндричен TSI мотор со 150 коњски сили. Дизел верзијата е со 1.6 литарскиот TDI мотор кој произведува 95 коњски сили и е во согласност со најновиот Euro 6d-TEMP стандард.

    1 | T-Cross
    2 | T-Cross

       

      Овие мотори ќе бидат придружувани од мануелен менувач со пет или шест брзини, како и со седум-степен DSG менувач со двојна спојка. Овој модел доаѓа само со погон на предните тркала, опцијата за погон на сите четири не е достапна. Производството на целосно новиот T-Cross ќе започне кон крајот на оваа година во Шпанија, Јужна Америка и Кина, додека пак достапен за пазарот ќе биде во 2019 година.

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Back to top button
      Close