fbpx

Премиера за Alpina B8 Gran Coupe

BMW и Alpina официјално го претставија новиот B8 Gran Coupe, луксузното издание на Серија 8 која ќе треба да ја пополни празнината меѓу M850i и M8

Alpina B8 ја доживеа својата премиера. Со инстантно препознатлив изглед, моделот се карактеризира со минимално ревидиран екстериер со преден сплитер на кој се наоѓа логото на Alpina. Исто така може да се забележи и новиот црн дифузер, задниот спојлер и проширената палета на бои кои ги вклучува Alpinа Blue Metallic и Alpinа Green Metallic.

Највпечатливата промена секако е сетот на 21-инчни Alpina Classic тркала од лесна легура кои се обложени со специјално развиени Pirelli пневматици. Зад нив се наоѓа сопирачкиот систем на Brembo, a на крајот тука е спортскиот издувен систем од нерѓосувачки челик, кој е подложен на подесувања и ветува „звучно задоволство“ со оглед на тоа дека се карактеризира со „храбар, природен звук од моќниот V8 мотор“.

Alpina B8

Промените во ентериерот се ограничени, но купувачите ќе добијат Alpina управувач обложен со кожа, осветлени прагови и Walnut Anhracite дрвен трим со висок сјај. Моделот исто така има и iDrive контролер од кристално стакло и ласерски изгравирано Alpina лого.

Alpina B8

Покрај овие специјални елементи, автомобилот доаѓа опремен со предни седишта со греење и вентилација, греење на задните седишта и четири-зонски автоматски контролен систем за клима-уредот. Меѓу останатите карактеристики тука е панорамскиот сончев покрив, Алкантара прекривката на внатрешниот дел од покривот и Harman/Kardon аудио систем со 16 звучници. Возачот пред себе ќе најде 12,3-инчен дигитален инструмент кластер, 10,25-инчен инфозабавен систем и head-up екран во боја.

Перформансни унапредувања

Напојувањето пристигнува од битурбо 4,4-литарскиот V8 мотор кој испорачува 620 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. Тоа е драстично повеќе од BMW M850i кој испорачува 530 КС, а нешто помалку од 625 колку што има M8 Competition. Моторот е поврзан со осумстепен автоматски менувач, кој се карактеризира со унапредени интернали и уникатни стратегии за менување.

Благодарение на овие модификации, B8 Gran Coupe, кој има погон на сите четири тркала, од нула до „стотка“ стигнува за 3,4 секунди, а максималната брзина е 324 километри на час.

Alpina B8 Gran Coupe се одликува и со специјално тјуниран спортски систем на потпирање кој комбинира „удобност за долги патувања од прва класа со прецизни управувачки карактеристики“. Меѓу останатите карактеристики тука е диференцијалот со ограничено пролизгување и Integral Active Steering систем, кој овозможува задните тркала да се вртат до 2,3 степени.

Поврзани вести

Back to top button