fbpx

Премиера за целосно новиот Lexus LX

По речиси 14 години на пазарот, третата генерација на Lexus LX заминува во пензија, а на нејзино место пристигнува нова

Подобро некогаш, отколку никогаш. Lexus се водеше по овој рецепт кога станува збор за моделот LX, кој има посебна популарност поради својот луксуз и одличните оф-роуд способности. Актуелниот модел беше претставен во 2007 година на Салонот во Њујорк, серијата фејслифти овозможија луксузниот SUV да ја задржи својата свежина, но беше јасно дека е време за сериозни промени. Со претставувањето на новиот Toyota Land Cruiser беше прашање на време кога Lexus ќе го претстави новиот LX.

Новата генерација пристигнува со промени на секое поле, почнувајќи со новата платформа која намалува 200 килограми од тежината во однос на претходникот, а сето тоа благодарение на префрлувањето на TNGA-F архитектурата. Стајлингот е онаков каков што може да се претпостави, пред се поради профилот кој јасно посочува дека LX е во „роднинска врска“ со Land Cruiser. Промените кај Lexus во однос на еквивалентот на Toyota се минимални кога се гледа од страна, но силуетата е речиси идентична. Масивната решетка на предниот дел и широката LED светлосна лента на задниот дел ги претставуваат главните промени на надворешниот дел, заедно со великодушното користење на хромирани елементи.

Lexus LX

Огромна промена во ентериерот

Најголемите промени се направени во внатрешноста на автомобилот, каде LX ја добива првата поставка со два екрани на допир кај Lexus. Горниот екран е со големина од 12,3 инчи и ги прикажува навигацијата и аудио контролите, како и оф-роуд деталите од Multi-Terrain Monitor системот. Долниот 7-инчен екран овозможува брз пристап до клима уредот и може да работи како поддржувачки екран за Multi-Terrain Select со прикажување на слика од камерите на горниот, а оф-роуд податоците на помалиот екран.

За првпат од претставувањето на LX во 1995 година, body-on-frame моделот добива Ultra Luxury ниво со конфигурација со четири седишта, воведувајќи независни задни седишта кои можат да се навалат до 48 степени за уште поголем комфорт. Предното патничко седиште исто така може да се поклопи за поголема пространост до 110 сантиметри.

Lexus LX Ultra Luxury добива и дополнителни работи, вклучително и кровни отвори за воздух, светла за читање и забавен систем за задните седишта со два екрани како стандарден дел од опремата. Lexus ја опреми оваа верзија со завеси за заштита од сонце, заедно со удобни седишта кои се одликуваат со заоблени потпирачи за главата и грбот како и перници.

F Sport варијанта

Уште еден новитет за LX е и F Sport нивото на опременост, каде моделот е поставен на 22-инчни тркала од лесна легура. Исто така, оваа верзија добива и торзионен диференцијал со ограничено пролизгување за подобро триење на задната оска. F Sport нивото пристигнува со специјално тјунирање на предните и задните амортизери, заедно со заден стабилизатор и поинакви постави на варијабилниот систем на потпирање и електричното управување.

Под хаубата нема изненадувања, па така природно аспирираниот 5,7-литарски V8 мотор е отстранет и е заменет со битурбо 3,5-литарскиот V6 кој се наоѓа и кај Land Cruiser. Од Lexus велат дека LX 600 се одликува со 415 КС моќност и 649 Nm максимален вртежен момент. Ова е зголемување од 26 КС и 103 Nm. За љубителите на дизелот тука е и LX 500d кој пристигнува со 3,3-литарскиот V6 битурбо дизел мотор. Двете варијанти добиваат ECB и EPS со цел да ги понудат уникатните возачки перформанси на Lexus. Исто така, двата погони пристигнуваат со 10-степен автоматски менувач, заменувајќи го претходниот осумстепен менувач и се одликуваат со ниска прва брзина за „лесен старт и моќни оф-роуд возачки перформанси при ниски брзини“.

Lexus LX

Lexus го опреми LX со Active Height Control систем со Low, Normal, Hi1 и Hi2 поставки. Системот автоматски ја подесува висината на возилото базирано на она што го правите во моментот. Според компанијата, овие промени му овозможуваат на LX да биде поудобен и динамичен, а притоа ги задржува препознатливите оф-роуд способности. Така, аглите на пристапување, прекршување и отстапување остануваат непроменети, како и 45-степениот искачувачки капацитет.

Од Lexus истакнуваат дека новиот LX ќе влезе во продажба кон почетокот на 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button