Премиера за електричниот Ford F-150 Lightning

Ford го претстави новиот F-150 Lightning, првиот целосно електричен пикап модел на компанијата

Оригиналниот Ford F-150 SVT Lightning, кој се продаваше во две генерации, се здбои со легендарен статус откако излезе од производство од 2004 година. „Синиот овал“ одлучи да го искористи ова име во согласност со ерата на електрификацијата, па во новиот F-150 Lightning EV го заменува масивниот V8 агрегат со чисто електричен погон и опсег на движење од 480 километри.

Новиот F-150 Lightning ќе има почетна цена од изненадувачки 40.000 долари, кога станува збор за комерцијалното ниво на опременост, а истата достигнува до околу 90.000 долари за едно од најопремените нивоа на моделот.

Електричниот пикап модел на Ford ќе пристигне со две различни батерии. Батеријата со станадарден опсег на движење (SR) ќе нуди 370 километри со едно полнење, додека опцијата со продолжен опсег (ER) ќе нуди 480 километри. Во двата случаеви, батериите ќе ги напојуваат двата електромотори, поставени на предната и зданата оска, кои испорачуваат 436 КС кај SR, односно 571 КС кај ER опцијата. Двете конфигурации имаат вртежен момент од 1.051 Nm.

Најбрз пикап модел на пазарот

Со поголема моќност и вртежен момент од било кој друг произведен F-150 во историјата, моделот Lightning во ER варијантата спринтот од 0 до 60 милји на час (0-96 км/ч) треба да го достигне за 4,5 секунди, со што е најбрзиот пикап модел на пазарот. Исто така, треба да се напомене дека новиот F-150 Lightning во сите варијанти и верзии ќе има погон на сите четири тркала со независна задна суспензија.

Ford F-150 Lightning

Зависно од тоа која батерија ќе се избере, електричниот F-150 ќе има различни „onboard“ AC полначи. Моделите со стандардната батерија ќе добијат 11,3 kW единечен полнач, додека моделите со продолжен опсег на движење ќе добијат двоен полнач со капацитет до 19,2 kW. F-150 Lightning со стандардната батерија ќе се нуди и опционално со 48A домашен полнач кој ќе ја полни батеријата од 15 до 100 проценти за околу 10 часа. Моделите со поголемата батерија и двојниот полнач ќе можат да се напојуваат преку 80A домашен полнач и за полнење од 15 до 100 проценти во таков случај се потребни 8 часа. Со користење на 150 kW DC јавен брз полнач, F-150 Lightning се полни од 15 до 80 проценти за 40 минути.

Напредни технологии и софтверски решенија

Ford исто така посвети внимание на Intelligent Range софтверот кој го прикажува преостанатиот опсег на движење, а притоа во предвид ги зема факторите како товар и влечни капацитети за попрецизно предвидување. Со користење на сензорите на пикапот, системот ќе може да процени колкав товар носи F-150 Lightning и според тоа да ја прилагоди својата проценка на опсег. Покрај ова, F-150 Lightning е компатибилен со новиот Intelligent Backup Power систем, со што ќе може да се користи енергијата во неговата батерија за напојување на домот во случај на прекин на струја во домот.

Системот има можност за испорачување 9,6 kW електрична енергија, со што електричниот пикап со поголемата батерија има можност да го напојува домот цели три дена. Батериите се дизајнирани специјално за користење во F-150 Lightning и се карактеризираат со засилен разладувачки систем и голем број на компоненти. Од Ford сакаа да направат батерија која ќе успее да се носи со тешки услови за возење, вклучително и влечење на тешки приколки и „оф-роуд“ авантури.

Pro Power Onboard решението нуди еден 240V и четири 120V приклучоци во задниот дел од возилото, а таканаречениот Mega Power Frunk предниот багажник ќе има четири 120V приклучоци за струја и два USB полначи.

Ford F-150 Lightning

Кога станува збор за дизајнот, на предниот и задниот дел доминираат новите LED светлечки ленти во повисоките Lariat и Platinum нивоа на опременост, кои се протегаат по целата ширина на возилото. Предниот дел ќе биде достапен со три различни дизајни на „решетката“, додека хаубата е редизајнирана за помал коефициент на отпор.

Модерен ентериер и одлични решенија

Ford направи и одлична работа со целото пакување на F-150 Lightning, овозможувајќи им да го креираат најголемиот преден багажник на пазарот, кој нуди капацитет од 400 литри. Кога станува збор за ентериерот, електричниот пикап е опремен и со најновиот SYNC4A инфозабавен систем на Ford кој функционира преку масивниот 15,5-инчен екран на допир и се одлукува со природна гласовна контрола, клауд-навигација, бежичен Apple CarPlay и бежичен Android Auto, како и бежични софтверски унапредувања.

Покрај големиот 15,5-инчен вертикален екран, во пониските нивоа на опременост ќе можат да се најде и хоризонтално поставениот 12,0-инчен екран кој ќе биде стандарден дел од опремата. Секоја верзија на Lightning ќе пристигне и со целосно дигитален инструмент кластер, дури и базичните и комерцијалните модели.

На крајот, новиот F-150 Lightning ќе биде опционално достапен со BlueCruise „хендс-фри“ систем за асистенција на возачот од второ ниво, кој може да се користи на преку 160.000 километри патишта во САД и Канада.

Новиот Ford F-150 Lightning ќе пристигне на пазарот следната пролет и ќе биде достапен во четири нивоа на опременост и две батериски опции.

Поврзани вести

Back to top button