fbpx

Премиера за новата BMW Серија 4 Gran Coupe

Германскиот производител BMW ја претстави новата Серија 4 со дополнителни две врати која традиционално го добива суфиксот Gran Coupe

BMW направи полн погодок во 2014 година кога за прв пат ја претстави Серија 4 во Gran Coupe издание, па за очекување беше да пристигне нова генерација на овој автомобил. Во споредба со својот претходник, новата Серија 4 Gran Coupe е подолга за 15 сантиметри, поширока за 2,5 и повисока за 5 сантиметри. BMW ја прошири и трагата на тркалата напред за 40 милиметри, односно 18 милиметри на задниот дел. Со зголеменото меѓуоскино растојание за 4,6 сантиметри, новата Серија 4 Gran Coupe делува похармонично и поелегантно.

Контроверзната голема предна маска која дебитираше кај обичната Серија 4 пристигнува и тука, но благодарение на поголемите димензии на возилото, впечаток е дека тука многу подобро прилега. Новиот автомобил со себе носи и уште подобра возна динамика, а добива и некои нови опции.

Уште подобра динамика и управливост

На фотографиите е прикажана верзијата M Performance, односно M440i xDrive, која добива детали во сива боја, како на предниот и задниот браник, така и преку уникатната матрица на решетката од ладилникот. Покрај тоа, и капаците на ретровизорите добиваат третман во истата нијанса. Оваа верзија добива и ласерска расвета, а пониските верзии, како BMW 430i Gran Coupe како стандард нудат адаптивни LED фарови, додека ласерското осветлување се доплаќа како опција. Во основнатта понуда влегуваат и тркалата од лесна легура со димензии од 18 инчи. Моќната М440i модификација добива палета од шест верзии на 19-инчни тркала со стандардна поставка на надворешноста наречена Shadowline која нуди црни акценти на вратите, како и дискретен спојлер на задниот дел.

Gran Coupe

Германскиот производител ветува дека новата Серија 4 Gran Coupe ќе има подобра управливост во однос на својот претходник, благодарение на речиси 50:50 дистрибуција на тежината и пониското тежиште. M440i xDrive Gran Coupe пристигнува стандардно и со M Sport диференцијал кој може да се додаде и кај 430i Gran Coupe преку Dynamic Handling Package.

Голем број безбедносни системи пристигнуваат како стандардни или се опционални кај овој новитет. Тука се вклучени асистенција за ограничување на брзина, активен темпомат со Start&Stop функција, предупредување за преден судир, предупредување за напуштање на коловозна лента, активна детекција во слепа точка и ред други работи. Купувачите ќе можат да го изберат како опција и Driving Assistant Professional кој носи уште подобри и понапредни системи.

Повеќе верзии

Базичниот BMW 430i под хаубата добива 2,0-литарски четирицилиндерски турбо бензинец кој испорачува 258 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Оваа поставка на Серија 4 Gran Coupe и овозможува од нула до „стотка“ да стигне за шест секунди. Најпрестижното издание на Gran Coupe со ознаката M440i носи значително помоќен 3,0-литарски турбо шестцилиндерски мотор кој добива и блага хибридна технологија, односно 48-волтен стартер-генератор. Оваа верзија испорачува 382 КС и 500 Nm, па за спринтот од нула до „стотка“ и се потребни 4,4 секунди. Двете верзии на Серија 4 Gran Coupe користат осумстепен автоматски менувач од ZF. М44i xDrive пристигнува и со погон на сите четири тркала, посебни M Sport сопирачки, како и самозаклучувачки M Sport диференцијал. Тука е и системот за адаптивно потпирање, кое носи различни поставки за крутоста на потпирањето, зависно од избраниот режим на возење.

Gran Coupe

Ентериерот е речиси пресликан од „обичната“ Серија 4 која има две врати помалку. Тоа значи дека е достапен Live Cockpit и iDrive 7.0. Тука е вклучен и екранот на допир од 10,3 инчни и дигитален инструмент кластер од 12,3 инчи.

Gran Coupe

Цените за новиот BMW Серија 4 Gran Coupe се уште не се објавени за европскиот пазар, но треба да се истакне тоа дека на општо изненадување, оваа конфигурација е 500 до 800 долари поевтина од помалото купе, што е вистинско изненадување. Инаку, покрај M440i xDrive и 430i, Серија 4 Gran Coupe во Европа ќе нуди уште три други верзии и тоа дизелските 420d и M420d xDrive, како и послабиот бензинец 420i.

Поврзани вести

Back to top button