Премија за секој возач кој нема да вози во „шпицовите“?!
Во Израел се спроведува проект кој ќе обезбеди бонуси за возачите кои избегнуваат да го управуваат со своето возило во време кога сообраќајот е најоптоварен
Проектот ќе трае седум години, а државата ќе го финансира со 1 милијарда шекели или нешто повеќе од 233 милиони евра. Секој учесник во проектот, избира да не ги користи локалните патишта во најпрометните термини во денот, а за тоа ќе добива годишна премија.
Износот може да се зголемува или намалува во зависност од учетвото на секој возач. Учесниците во проектот добиваат опрема која ќе биде инсталирана во нивниот автомобил и ќе го следи секој од нивните правци, како и во кое време е направено секое патување.
Организаторите на проектот прецизираат дека вкупната сума која во една година може да ги добие автомобилот е 4.500 шекели или малку над 1.000 евра, а секој возач кој ќе го вози овој автомобил може да добие до 2.000 шекели или малку под 500 евра.
Израелската влада веќе објави дека ако пилот-проектот се покаже како успешен, може да се претвори во национална програма за ограничување на сообраќајот во „шпицовите“.
Проектот е развиен од компанијата Ayalon Highways, а нејзиниот шеф Итамар бен-Меир појасни пред локалните медиуми дека израелската патна инфраструктура веќе не успева да се справи со растот на автомобилите во земјата, без разлика колку и да е зголемена изградбата на нови патишта.