fbpx

Преродба за Rover?

Ваков чекор ќе биде дел од глобалната стратегија за продажба развиена од британскиот производител на автомобили

Кинеската компанија која најверојатно ќе соработува со JLR е Chery Auto, а претпоставка е дека таа ќе го добие името Rover?! Информациите се од Autocar, но сеуште нема официјална потврда од претставници на Jaguar и Land Rover. Идејата е JLR значително да го зголеми своето присуство на најголемиот автомобилски пазар во светот.

Да потсетиме дека во моментов две компании имаат заеднички вложувања со Jaguar Land Rover.

Autocar сугерира дека новиот заеднички бренд помеѓу Jaguar Land Rover и Chery ќе го добие можеби името Rover. Британскиот производител на автомобили го задржа правото на овој бренд, иако таквите автомобили не се произведуваат од 2005 година. Со оглед на популарноста на седаните во Кина, Autocar верува дека ова е најдобро место за заживување на брендот.

Rover

Поврзани вести

Back to top button