fbpx

Претставен електричниот Opel Zafira e-Life

Opel својата електрична гама ја дополни со патничка верзија на електричната Zafira која може да прими до девет патници

Opel Zafira e-Life располага со 136 КС и 260 Nm вртежен момент и може да достигне максимална брзина од 130 километри на час, а од нула до „стотка“ забрзува за 13,1 секунда. Возилото има батерија од 50 kWh и автономија од 230 километри со едно полнење според WLTP стандардите, при што 80 проценти од капацитетот на батеријата на брз полнач може да се наполни за 30 минути. Треба да се напомене дека ќе биде достапна и верзија со батерија од 75 kWh и автономија од 330 километри со едно полнење.

Поставена под возилото, батеријата не влијае на капацитетот на багажникот и дополнително го снижува центарот на гравитација за попрецизно влегување во остри кривини, а нуди и подобра стабилност при ветрови. Зависно од пазарот и инфраструктурата, Zafira e-Life пристигнува со трофазен 11 kW или единечен 7,4 kW вграден полнач како стандарден. Во внатрешноста на возилото се наоѓа инфозабавен систем со 7,0-инчен екран чувствителен на допир.

Исто како и Opel Zafira Life со конвенционални мотори, така и електричната верзија ќе биде достапна во три димензии – мала, средна и голема. Како резултат на тоа купувачите ќе имаат можност за повеќе конфигурации на Opel Zafira e-Life.

Продажбата на европскиот пазар ќе стартува на лето, а испораките ќе следуваат подоцна во текот на оваа година.

Поврзани вести

Back to top button