Претставен Hurtan Grand Albaycin

Најновиот спортски автомобил кој пристигнува од Шпанија го носи името Hurtan Grand Albaycin кој конечно и официјално е претставен

Станува збор за најновиот модел во серијата на мали спортски автомобили кои добиваат ретро изработка на каросеријата. Huratn Grand Albaycin ја користи Mazda ND MX-5 како своја платформа и додава неколку стилски промени на каросеријата инспирирани од класичните спортски автомобили, пред се британските.

Grand Albaycin

Според Hurtan, компанијата сака да влече инспирација од класиците кои датираат од 30-тите, па се до 60-тите години на минатиот век, а тоа е забележливо и кај Grand Albaycin, пред се кога станува збор за пределот над тркалатаи предните фарови. Двобојниот финиш на автомобилот делува навистина атрактивно, додека внатрешноста е обложена со кожа. Според она што може да се забележи, автомобилот ќе има класичен и спортски изглед, а Hurtan ќе го понуди Grand Albaycin во кабрио и тарга варијанти.

Grand Albaycin

Моторните опции се од Mazda, а тоа значи 1,5-литарски или 2,0-литарски мотор кој испорачува 132 или 184 КС. Тоа исто значи дека ќе може да се избира меѓу мануелен или автоматски менувач (кој ќе се нуди само со поголемиот мотор) и се друго што може да се очекува од MX-5. Максималната брзина е ограничена на 204, односно 219 километри на час за поголемата моторна единица.

Нема податоци околу тежината на возилото, па останува нејасно дали системот на потпирање на автомобилот ќе биде „тјуниран“. Hurtan ќе направи само 30 Grand Albaycin модели во 2021 година, а нарачките ќе се прифаќаат преку нивниот официјален вебсајт. Цените во Шпанија стартуваат од 59.000 евра за моделот со 1,5-литарски мотор и 132 КС, па се до 82.300 за кабрио верзијата.

Поврзани вести

Back to top button