НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Претставен новиот пикап на Volkswagen

Концепт на компактниот пикап VW Tarok, претставен во вторникот во Сао Паоло наскоро ќе биде понуден во Бразил

Volkswagen планира повторно да го обнови профитабилниот пикап сегмент со новиот Tarok, бидејќи овој модел има потенцијал и на други глобални пазари, се вели во соопштението на компанијата. Најголемиот светски производител на автомобили долго се бореше да се пробие во овој сегмент, додека на ривалите како General Motors продажбата на возила од овој сегмент им носеше голем профит.

1 | Tarok
2 | Tarok
3 | Tarok 
4 | Tarok 
5 | Tarok 
6 | Tarok

     

    Volkswagen Tarok се карактеризира со богато осветлување напред, вклучително и светла на предната решетка. Концептот, исто така, има панорамски сончев покрив. Задните фарови се протегаат низ целиот заден дел. Tarok располага со едноставен ентериер, удобности како дигитална инструмент табла и голем екран на инфотеинмент системот. Концептниот модел располага со 1.4-литарски четири-цилиндарски мотор што создава 148 коњски сили, но производствениот модел ќе добие поинаков моторен погон, односно 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close