fbpx

Претставен plug-in хибридниот BMW 330e

Хибридниот седан дебитира со 292 коњски сили XtraBoost Power и може да достигне брзина од 140 km/h само на електрична енергија

Кон редовите на тековната генерација на BMW Серија 3 сега се придружува и plug-in хибридната варијанта на моделот, која ветува соодветна комбинација на ефикасност и перформанси во сегментот на спортските седани.

Новиот BMW 330e е опремен со 2,0 литарски четири-цилиндарски турбо мотор на BMW, кој испорачува моќност 184 коњски сили. Тој е надополнет со електрична единица, сместена кај осум-степениот автоматски менувач, која обезбедува дополнителни 113 коњски сили, што значи комбинирано, автомобилот располага со 252 коњски сили.

Најинтересната карактеристика кај 330e e XtraBoost функцијата, кој во спортскиот режим додава дополнителни 40 коњски сили со времетраење од 10 секунди, давајќи му на седанот вкупна излезна моќност од 292 коњски сили, бар на кратко..

330e

Од BMW велат дека 330e може да забрза од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 230 km/h. Што се однесува до стилските пакети, седанот покрај стандардното ниво, достапен е и во M Sport варијанта, со ажурирана адаптивна суспензија и M Sport сопирачки.

Доколку горивната потрошувачка се става на позиција над перформансите, 330e може да достигне брзина до 110 km/h во хибриден и 140 km/h во целосно електричен режим. Батерискиот пакет е составен од литиум-јонска 12 kWh батерија поставена под задното седиште, односно пред резервоарот за гориво, давајќи му на автомобилот електричен опсег од 59 до 66 километри.

BMW за прв пат ќе понуди и караванска изведба на 330e која достапна ќе биде во средината на 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button