ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАСПОРТ

Претставена програмата DTM на Aston Martin

Швајцарската R-Motorsport беше домаќин на официјалната презентација на програмот DTM, под лиценца на Aston Martin во соработка со HWA и четворица тркачи

Презентацијата се одржа во средата во Св. Гален Швајцарија, каде во оваа прилика беше претставен стилизиран модел кој ја претстави контурата на тркачката креација. Конечната верзија ќе биде премиерно прикажана на претсезонскиот DTM тест на автодромот Херес.

Флоријан Камелгер, директор на R-Motorsport изјави дека тимот се справил со краток временски рок за развој на овој автомобил. Покрај претставувањето на споменатиот модел, на презентацијата главно место имаше и претставувањето на тркачкиот квартет кој го воведе Aston Martin во DTM, составен од Даниел Јункадела, Фердинанд Хабсбург, Пол ди Реста и Џејк Денис.

“Ако сме подготвени, ние ќе изградиме DTM автомобил за околу 100 дена, за што мислам дека е огромно достигнување за тимот” рече Камелгер.

DTM

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close