Претставени Cupra Leon Competicion и Cupra e-Racer

Паралелно со промоцијата на Cupra Leon, шпанскиот перформансен бренд оствари уште две премиери претставувајќи ги Cupra Leon Competicion и Cupra e-Racer

Овие два автомобили се наменети за специфичен вид на туринг тркање.Cupra Leon Competicion ќе настапува во класичната арена на авто-спортовите, каде се наоѓаат моторите со внатрешно согорување, додека вториот ќе се најде во електричната Pure ETCR серијата.

Cupra Leon Competicion се заснова на перформансната Cupra Leon, базиран на патничкиот Seat Leon од најновата, четврта генерација. Cupra Leon Competicion ќе се натпреварува во TCR сериите во спринт и ендуренс форматите. За таа цел, каросеријата на овој модел е значително подобрена кога станува збор за аеродинамичката ефикасност. Системот на потпирање на двете осовини е направено од полесни материјали за подобра дистрибуција на масата.

Cupra Leon Competicion

Cupra Leon Competicion се напојува со 2,0-литарскиот турбо бензински мотор кој испорачува 340 КС и 410 максимален вртежен момент. Моќноста се пренсува со Hewland шестстепен секвенционален тркачки менувач, а до 100 километри на час стигнува за 4,5 секунди и има максимална брзина од 260 километри на час.

За Cupra Leon Competicion уште кон крајот на 2019 година е отворена листа за нарачки, а испораката ќе започне во април и ќе се извршува во седиштето нa Cupra во Марторел, во близина на Барселона.

Cupra e-Racer во Pure ETCR серијата

Од друга страна, Cupra e-Racer е модел кој во себе ја интегрира погонската технологија на иднината, а Шпанците велат дека тоа е првиот целосно електричен туринг автомобил, „подготвен да го редефинира автомобилскиот спорт“. Напојуван со четири електромотори и има пакет на батери од 65 kWh. Комбинираната максимална сила изнесува 680 КС, а максималниот вртежен момент е 680 Nm. Cupra e-Racer од нула до „стотка“ забрзува за 3,2 секунди, а максималната брзина изнесува 270 километри на час.

Формата на e-Racer е дефинирана според барањата на аеродинамиката и перформансите, со специфично изработени преден дел и хауба. Со оглед на тоа дека нема мотор со внатрешно согорување, e-Racer нема класична маска, туку сите елементи од предната страна се подредени на аеро перформансите. Истата филозофија се применува и кај изработката на крилата, кои допринесуваат за подобро одвојување на воздухот и го зголемуваат аеро потисокот.

Своите први натпреварувачки чекори e-Racer ќе ги изведе во 2020 година во новата Pure ETCR серија, наменета исклучиво за возила со електричен погон.

„Cupra отсекогаш имала пионирска улога во авто спортот и ја разви првата TCR платформа. Со моделите Cupra Leon Competicion и Cupra e-Racer продолжуваме да ги поместуваме границите. Двете возила се проектирани за натпреварување на највисоко ниво и ќе им донесе предност на екипите кои ги користат, бидејќи се специфично развиени во рамки со TCR и ETCR техничките прописи и барања“, истакна Хаиме Пуџ, директорот на тркачкото одделение на Cupra.

Поврзани вести

Back to top button
Close