fbpx

При судир, Bosch со експлозии ја исклучува батеријата на е-возилата

Производителот Bosch разви иновативен систем кој има за цел да спаси животи во случај на судар на електрично возило

Bosch дизајнираше мали контролирани експлозивни полнежи кај батеријата на електричните возила кои можат да го изолираат напојувањето во случај на несреќа. Ова е направено од сензори кои детектираат несреќа и го насочуваат пиротехничкиот безбедносен систем кон употребување на мали контролирани експлозии низ жиците помеѓу единицата за батерии со висок напон и остатокот од возилото. На овој начин се елиминира ризикот од електричен удар или пожар.

Овој систем е сличен како филозофијата со прекинувачот за инерција во возило погонувано од гас, што го исклучува протокот на гориво после несреќа. Меѓутоа, бидејќи решението Bosch ја уништува жицата на батериите, не е реверзибилна.

Bosch

Bosch ги користи сопствените CG912 чипови интегрирани во системот на воздушните перничиња, за да открие кога возилото е вклучено во несреќа. Овие чипови се екстремно мали и содржат милиони транзистори и се наменети за да ги активираат безбедносните функции во рамките на дел од секунда.

„Соочени со зголемениот број електрични возила кои можат потенцијално да бидат вклучени во судири, ваквите системи се апсолутно суштински доколку сакаме да ја исполниме нашата мисија да им помогнеме и спасиме жртви од сообраќајни несреќи што е можно побрзо и безбедно“, изјави заменик-претседателот на германската асоцијација за пожарникари, Карл-Хајнц Кнор за технологијата.

Поврзани вести

Back to top button