fbpx

Prior Design со специјален body kit за Porsche Taycan

Тјунирањето на електрични автомобили не е ништо ново за компанијата Prior Design, а последен таков во низата е Porsche Taycan

Prior Design досега се има пофалено со неколку тјунирани електрични автомобили, а во принцип станувало збор за возилата на Tesla. Сега, дојде редот и на Porsche Taycan за кого од студиото велат дека е „совршена платформа за возило едноставно предодредено за тјунинг“.

Гледајќи ги фотографиите во галеријата, јасно е дека станува збор за типичен проект на Prior Design кој подготви комплетен широк body kit и така го унапреди изгледот на веќе агресивниот Taycan. Исто така, дополнително е нагласена спортската природа на овој модел со масивниот фиксиран спојлер на задниот дел.

Како што можеше и да се очекува, Porsche Taycan доби широки штитници за кал со дополнителни отвори за воздух напред. Благодарение на овие екстензии на каросеријата, Taycan сега е 60 милиметри поширок напред, односно 100 милиметри позади. Германските специјалисти ветуваат дека овој модифициран Porsche Taycan ќе привлече голем број на љубопитни погледи.

Тука се и 22-инчните тркала со пет двојни краци, како и дифузерие на двата браници, така што овој Taycan Turbo S делува уште пониско поставен. Prior Design порачува дека сите компоненти можат да се направат од висококвалитетен карбон, а во понудата ќе се најде и нешто помалку драматичниот body kit без пошироки штитници за кал.

Поврзани вести

Back to top button