fbpx

Пристигна BMW X5: The Boss is back

Четвртата генерација на популарниот SUV модел официјално претставенa и во Македонија

Светската премиера новиот X5 ја доживеа пред неколку месеци во Спартанбург, Јужна Каролина, европската во Париз пред еден месец, а вчера тој беше претставен и кај нас. Неговата премиера за македонската јавност беше одржана од страна на овластениот импортер на BMW и Mini – М Кар, кој се погрижи преку еден прекрасен настан да ни го претстави новиот заменик на ултра-популарниот SUV модел.

Новиот X5 импресионира со изобилство иноваци, зрачи со моќен и доминантен X дизајн, екслузивна внатрешност, нагласена спортска активност како и многубројни карактеристики што ги нагласуваат X комфоротот и удобноста. Овој модел е помоќен, подинамичен, технолошки понапреден, но и поудобен од сите своите предходници. Исто така тој претставува и прв модел на овој бренд кој може да се отклучи со BMW DIGITAL Key преку паметните телефони.

The Boss is back

BMW X5

Претставениот модел е xDrive30d верзијата на X5, кој е опремен со 3,0 литарски турбо дизел мотор, кој испорачува моќност од 265 коњски сили и вртежен момент од 620 Nm. Пропратен е од осум-степен автоматски менувач, при што погонот се испорачува до сите четири тркала. Благодарение на овој агрегат, максималната брзина на новиот модел изнесува 230 километри на час, додека пак забрзувањето од 0 до 100 километри на час е за импресивни 6,5 секунди.

Освен овој агрегат, баварскиот SUV може да биде опремен и со 3.0 турбо бензински мотор со 335 коњски сили, 4.4 литарски двотурбински V8 бензински мотор со 462 коњски сили, како и 3.0 квад-турбо дизел мотор со 394 коњски сили. Сите овие се стандардно опремени со осум-степениот автоматски менувач.

BMW X5

Нивото на опременост кај овoj X5 e со M-пакет, кој вклучува кожни седишта, мултифункционален управувач обложен со кожа, 12,3-инчен дисплеј со голем број на функции, како и поагресивен и поспортски изглед на надворешноста.

Новиот X5 може да го погледнете во салонот на М Кар во Скопје, каде ќе можете да се обратите за подетални информации.

 

 

Погледнете ја галеријата

Поврзани вести

Back to top button