fbpx

Пристигнува „деветката“ од HAVAL

Компанијата Haval, подбренд за SUV и кросовер изведби на кинескиот Great Wall Motors, моментно водечка во својата земја по пласман на возила во својот сегмент, понуди новина на пазарот, моделот Н9

Автомобилот Haval H9 има 2.0 литарски бензински мотор, осумстепена автоматска менувачка кутија од ZF. Потрошувачката на гориво во мешан циклус на возење е 12,3 литри на 100 километри. Возилото е опремено со современа електроника – контрола за притисокот во гумите, круз контрол, помош при тргнување во нагорнина, контрола при симнување, бројни безбедносни системи, сензори за препознавање на песок и снег при движењето.

Погонот е на четири тркала со блокирачки заден диференцијал. Благодарение на рамната конструкција теренецот нуди сериозни off-road можности. Во внатрешноста има голем број електронски состави, напреден инфотеимент систем, а предните седишта се со греење, ладење и масажа. Вреди да се спомене големата пространост и багажникот со извонредни димензии.

Haval

Haval H9

Поврзани вести

Back to top button