Произведен првиот примерок на Aston Martin DBX

Aston Martin започна со склопувањето на DBX луксузниот SUV во својот нов погон во Британија, а првиот примерок веќе се симна од производствената лента

Историјата на Aston Martin DBX започна во 2015 година, кога Aston Martin го започна развојниот програм, а физичките тестови започнаа три години подоцна, пред британскиот бренд да го претстави својот SUV кон крајот на 2019 година. Сега, официјално во фабриката во Велс започна производството на луксузниот SUV на Aston Martin, моделот DBX, a кај првите купувачи ќе пристигне подоцна овој месец.

Aston Martin DBX

Од компанијата велат дека се задоволни од приемот кој DBX го доживеа кај купувачите и најавуваат дека неговата понуда ќе биде проширена. Имено, од следната година се очекуваат првите додатоци во неговата гама, но засега не е познато за какви верзии станува збор.

Според некои извори, можни се варијанти со продолжено меѓуосовинско растојание за кинескиот пазар, како и Coupe-SUV верзија. Исто така, според некои претходни најави, во палетата би требало да се најде и DBX со хибриден погон, но таков модел се очекува за околу две години.

Стандардниот DBX се напојува со 4,0-литарски twin-turbo V8 мотор на AMG кој развива 550 КС и 700 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се пренесува на сите четири тркала благодарение на деветстепениот автоматски менувач.

Исто така, Aston Martin потврди дека за време на тестирањата на DBX, патеката во Нирбургринг без посебни напори ја минувал за помалку од 8 минути. Забрзувањето од нула до „стотка“ изнесува 4,5 секунди, а максималната брзина е 291 километри на час. Тука треба да се напомене и дека тежината на возилото е 2.245 килограми.

Aston Martin DBX

За DBX е предвидено адаптивен систем на потпирање, LED задни светла, панорамски стаклен покрив, трикрак кожен волан, кожа и алкантара во ентериерот, 12,3-инчна дигитална инструмент табла, 10,25-инчен екран на допир за инфозабавниот систем, камера систем од 360 степени и така натаму…

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close