Само три производители ќе ги исполнат новите еколошки стандарди
Повеќето големи автомобилски производители нема да успеат да ги задоволат, поставените од властите во ЕУ, нови стандарди на штетни емисии CO2 и ќе треба да платат огромни парични казни
Повеќето големи автомобилски производители нема да успеат да ги задоволат, поставените од властите во ЕУ, нови стандарди на штетни емисии CO2 и ќе треба да платат огромни парични казни. Ова го тврди студијата на консултантската агенција PA Consulting.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека во моментов само три производители – Volvo, Toyota и Nissan-Renault ќе се вклопуваат во новите барања, кои влегуваат на сила во 2021 година Тогаш средните нивоа на произведените автомоили треба да бидат 95 g / km. Во моментов тие се 118 g / km, а овој индикатор е во сила од 2016 година. Тоа значи дека големите производители како Volkswagen Group, Daimler, Fiat Chrysler Automobiles, PSA, BMW и Ford ќе треба да платат сериозни казни. PA Consulting, исто така, укажува на тоа колку би требало да платат компаниите во 2021 година, доколку не ги задоволат потребните стандарди. Износите се прикажани во евра, а се пресметани според бројот на продадени автомобили.
VW Група: | 1,36 милијарди |
FCA: | 950 милиони |
PSA / Opel: | 786,7 милиони |
BMW: | 430 милиони |
Ford: | 307.1 милиони |
Hyundai/Kia: | 283,1 милиони |
Daimler: | 126,2 милиони |
Самите производители веќе реагираа на заканата и разработуваат планови за зголемување на продажбата на хибридни и електрични модели. Проблемот тука е дека времето е премногу кратко, а многу малку корисници ќе бидат подготвени да се префрлат на такви автомобили. Неколку помали компании веќе се казнети, откако не успеаја да се справат со нови нивоа на емисии. Во 2013 година, Ferrari плати еден милион евра и АвтоВаз – 20.000 евра. Две години подоцна, Ferrari и Aston Martin беа казнети поради истата причина.
Треба да се прецизира дека 96 g / km е средната бројка за целата индустрија, а тоа варира во зависност од произведените автомобили и не е подеднакво за поединечни компании. Се очекува Volvo, чиј резултат во 2016 година беше 119 g / km по четири години да достигне 73 g / km. Швеѓаните веќе најавија дека од 2021 година ќе престане производството на модели со мотор со внатрешно согорување. Toyoat, исто така, нема да има проблеми. Кај Јапонците минатата година резултатот беше 105.5 g / km, а по 4 години треба да е 94.3 g / km. Слична е и ситуацијата со Aлијансата Rernault/Nissan, која е во одлична позиција поради фактот што продава два од најпопуларните електрични модели – Renault Zoe (број еден во Европа) и Nissan Lief (во светот).
Лидерот за 2016 година, групата РЅА ќе ја пропушти целта за само 3 g/km. Причините се две – Французите ја прекинаа нивната хибридна програма и во исто време купија Opel и Vauxhall, чии модели се потешки и помалку ефикасни.